Земја на потекло: Јужна Африка
Производител: South African Mint
Метал: AU (Злато)
Чистота: 916.7 (22 карати)
Технологија на производство: Ковање
Форма: Округла
Дијаметар: 16.55 мм
Тежина: 3.39 грама
Валута: ZAR (Јужноафрикански ранд)
Пакетирање: Пластична капсула
Производот е ослободен од ДДВ
Сликите илустрираат како треба да изгледа производот. Можна е разлика во годината на ковање.
Информации за Кругерранд
Претставена за прв пат во 1967 година, Кругерранд е првата златна инвестициска монета од една унца во светот. На предната страна на монетата е прикажан Паул Кругер (Стефанус Јоханес Паулус Кругер), поранешен претседател на Република Трансваал, додека пак на задната страна се наоѓа спрингбок антилопа, националното животно на Јужна Африка. Предната страна на монетата е дизајнирана од Отто Шулц а задната од Коерт Стинберг.
Се произведува од јужноафриканската ковачница за пари во соработка со Rand Refinery. Денес, Кругерранд е една од најликвидните златни монети, што значи дека може лесно да се купи и продаде низ целиот свет.
Монетата е направена од 91.67% злато и 8.33% бакар и е достапна во тежини од 33.93 грама (еден Кругерранд), 16.96 грама (половина Кругерранд), 8.48 грама (четвртина Кругерранд) и 3.39 грама (десетина Кругерранд). Бакарот ѝ дава дополнителна цврстина, бидејќи чистото злато (24 карати) е помеко и полесно се гребе, а со тоа и црвеникав изглед.