Земја на потекло: Соединети Американски Држави
Производител: United States Mint
Метал: AU (Злато)
Чистота: 916.7 (22 карати)
Технологија на производство: Ковање
Форма: Округла
Дијаметар: 32.70 мм
Тежина: 33.93 грама
Валута: USD (Американски долар)
Пакетирање: Пластична капсула
Производот е ослободен од ДДВ
Сликите илустрираат како треба да изгледа производот. Можна е разлика во годината на ковање.
Информации за Американски орел
Американскиот златен орел е официјалната златна монета на Соединетите Американски Држави, првпат издадена од Ковачницата на САД во 1986 година. Оваа монета е една од најпопуларните златни монети во светот, ценета од инвеститори и колекционери.
На предната страна е прикажана Лејди Либерти, дизајнирана од Августус Сент-Годенс, држејќи факел и маслинова гранка, со американската престолнина во позадина.
Дизајнот на задната страна е менуван еднаш, односно од 1986-2021 на задната страна се прикажува машки орел кој носи маслинова гранка, летајќи над гнездо со женски орел и пилиња, дизајниран од Мајли Бусик. Од 2021 година па се до ден денес на задната страна е прикажан крупен портрет на белоглав орел, дизајниран од Џени Норис.
Монетата е со чистота од 22 каратно злато (91,67% злато, 3% сребро, 5,33% бакар за издржливост).Има номинална вредност (на пр. $50 за монета од 1 унца), но пазарната вредност се базира на содржината на злато.