Општи Правила
1.ВОВЕД
Продавачот е трговско друштво, кое е регистрирано согласно законските прописи кои важат во Република Северна Македонија, како друштво кое се занимава со трговија со злато и сребро. Друштвото е во директна соработка со реномирани компании од странство кои се производители и трговци на злато и сребро, а преку која соработка ја врши трговијата на злато и сребро во Република Северна Македонија.
2.СОДРЖИНА НА ОПШТИ УСЛОВИ НА РАБОТЕЊЕ
Општите услови за работење се достапни на купувачите во секое време.
Со општите услови се уредуваат односите помеѓу купувачот и продавачот што е поврзано со условите и со начинот на нарачување на производот, со цената на производот, начинот на плаќање, со правата на купувачот на рекламација кон производот/ите, промените на цените на светските берзи, заштитата на личните и другите податоци, меродавното право и надлежноста на Основниот граѓански суд Скопје и другите значајни прашања за купување преку web-продавницата.
Општите услови на работење на web-продавницата претставуваат составен дел на секoе купување на производите на Продавачот.
Продавачот е овластен во согласност со својата политика на работење и без претходно објавување да ја измени содржината на општите услови, продажниот асортиман на производите, цени и другите податоци поврзани со интернет-продавницата.
Продавачот обезбедува точност и ажурност во врска со податоците објавени на web-страницата. И покрај тоа цените на берзите, може да се променат толку брзо така што продавачот не успева навреме да ги ажурира податоците на web-страницата.
3.ПРОДАВАЧ
Назив: Друштво за трговија со злато и сребро ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје
Седиште: ул. Луј Пастер бр.1, Скопје 1000
ЕМБС: 7500653
ЕДБ. МК: 4057021554770
Контакт телефон: +389 76 339 988
е-пошта: contact@investmetal.mk
Број на сметка и име на банка: 380177918200166 ПроКредит Банка АД Скопје
Продавачот има за цел сите корисници на web-страницата да имаат еднакви услови, без дискриминација и во рамките на овие Општи правила и услови од понудата за продажба.
4.КУПУВАЧ
Купувач на производот е секое деловно способно физичко лице кое ги купува понудените производи за свои лични потреби или правно лице кое купува производи исклучиво за сопствени потреби.
Како Купувач во име и за сметка на малолетно лице и целосно деловно неспособно лице може да се јави само нивниот законски застапник или старател.
Делумно деловно способните лица можат да купат само со согласност на нивниот законски застапник или старател.
Ако се постапи спротивно на оваа одредба, Продавачот не е одговорен.
5.ПЛАЌАЊЕ
- Плаќањето во готово е можно во нашата канцеларија до износ од 122.000 МКД.
- Плаќањето преку банка е задолжително да биде извршено од жиро сметка на физичкото или правното лице на кое гласи нарачката.
- Плаќањето со кредитна/дебитна картичка е задолжително да биде извршено од картичка на физичкото или правното лице на кое гласи нарачката.
- Исплаќањето на средства од направен откуп се врши преку банка на жиро сметка на физичкото или правното лице кое е продавач.
6.ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КУПУВАЧИТЕ И ОСТАНАТИ ПОДАТОЦИ
Купувачот е согласен Продавачот да ги користи и обработува личните податоци, за потребите на продажбата. Личните податоци на Купувачот на производите на Продавачот на web-страницата и профилите на социјалните мрежи и сл., кои се управувани од страна на Продавачот, се заштитени и се чуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци, со Законот за заштита на потрошувачите и со другите позитивни прописи кои важат во Република Северна Македонија. Истите може да се употребат исклучиво за реализација на продажбата.
7.ПРАВА ОД ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје е овластено за употреба на трговската марка на ИНВЕСТ МЕТАЛ и за објавените содржини на интернет-страницата www.investmetal.mk му припаѓаат авторските и евентуално други сродни права во врска со сите податоци.
8.КОРИСТЕЊЕ НА КОЛАЧИЊА НА ВЕБ-САЈТОТ
ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје не користи колачиња (т.н. Cookies)
9.НАЧИН НА КОМУНИКАЦИЈА И ДОСТАПНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕ
Целата комуникација којашто се однесува на процесот на нарачување и на склучување на договорот за купопродажба помеѓу Продавачот и Купувачот, се извршува по пат самата интернет страна, на mail или по телефон.
„Достапно “ – значи дека производот може да се нарача и купи преку интернет-продавницата под овие Општи услови на продажба.
Процесот на купување почнува со уредна регистрација на купувачот, со изјава на купувачот во апликацијата дека ги прочитал „Општите услови на работење“, ги разбрал и дека ги прифаќа.
Регистрацијата на купувачот, согласно позитивните прописи кои важат во РСМ, подразбира регистрација на електронската адреса и на личните податоци: име и презиме, ЕМБГ, адреса и град, број на телефон, а за правните лица назив, адреса и град, број на телефон, ЕДБ.
Целата понатамошна комуникација која се однесува на процесот на нарачување и на склучување на договорот за купопродажба помеѓу Продавачот и Купувачот, се одвива преку mail или преку телефон.
Купувачите се должни да дадат точни, валидни и потполни лични податоци при пополнувањето на образецот за регистрација. Инаквото постапување на Купувачот го овластува Продавачот да се воздржи од продажба на производот или од давање на услугите.
Продавачот не сноси никаква одговорност за погрешно дадени податоци.
10.НАРАЧКА НА ПРОИЗВОДИТЕ НА ПРОДАВАЧОТ
Купувачот одбира најмалку еден производ, го додава во кошничката и ја праќа нарачката. Производот се нарачува и се продава под негово име, со карактеристики и со употребни вредности, по истакнатите цени со вклучени даноци и под овие Општи услови на работење.
По извршената нарачка Купувачот ќе биде исконтактиран од Продавачот по пат на web-страната, телефон или mail, а со цел конфирмација на нарачката.
Продавачот ќе му ја потврди нарачката на купувачот доколку производот е на залиха најдоцна во рок од еден ден доколку не се договори поинаку со купувачот.
Продавачот го задржува правото да ја одбие нарачката доколку истата не е на залиха.
Вредност на производите/Цени:
Сите цени се изразени во денари. Цените важат во моментот на примањето на нарачката.
Рок и начин на плаќање:
Рокот за уплата на купопродажната цена на производите е веднаш со правање на нарачката, освен доколку поинаку не се договорат Продавачот и Купувачот.
Плаќањето се врши со уплатница преку сметка, а преку претходно испратена про-фактура.
Рок на испорака:
Рокот на испорака изнесува најмногу (5) пет работни денови од денот на нарачката и истиот започнува по денот на уплата на цената. Рокот може да биде продолжен поради виша сила или доколку се случи нешто што продавачот не можел да го спречи. Во тој случај Продавачот воспоставува нов рок кој не може да биде подолг од 30 дена. Доколку и во тој рок не може да се испорача Продавачот веднаш ќе му ги врати уплатените парични средства на Купувачот.
Во случај Купувачот да го одбие примањето на испораката на производот, Продавачот не сноси никаква одговорност.
Доставувањето се врши исклучиво на подрачјето на Република Северна Македонија.
Подигнувањето на производите се врши преку ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ, НИКОБ-Безбедносен транспорт и АД Пошта на Северна Македонија на трошок на Купувачот.
Примопредавањето на производот се врши согласно договорен термин, со договорени услови, со потпишување на испратница и со сите придружни документи.
Притоа купувачот ја презема и оригиналната фактура и потврдата дека го примил производот, го потпишува и му го враќа на продавачот во една копија преку доставувачот.
11.ПРАВО НА КУПУВАЧОТ ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД КУПУВАЊЕ
Купувачот има право во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на приемот на купениот производ во одредени случаи да се откаже од договорот согласно со Законот за заштита на потрошувачите со писмена изјава, која изјава се доставува до Продавачот
Обврска на Купувачот е на Продавачот на свој трошок да му го врати производот што му е испорачан, во оригинална амбалажа, и во непроменета состојба, со оригинална фактура и со придружна документација.
Купувачот е запознаен дека цената на купените производи секојдневно имаат различна цена поради берзанско работење и дека во случај на откажување на Купувачот и промена на цената може да му бидат вратени помалку или исто средства колку што се платени. Повеќе средства не може да му бидат вратени на Купувачот.
Ако Купувачот се откаже од договорот за купување, Продавачот е должен на Купувачот да му ги врати парите најдоцна во рок од 15 (петнаест) дена од денот на приемот на производот.
12.ПРАВА НА КУПУВАЧОТ
Купувачот има право на раскинување на договорот ако од страна на Продавачот договорот не биде исполнет:
- Производот не е испорачан во договорениот рок,
- Производот не е со соодветните карактеристики, под услов Купувачот веднаш, а најдоцна во законскиот рок од 15 дена, му доставил рекламација на Продавачот,
- Поради истек на доплнителен рок даден од Продавачот.
13.ГАРАНЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТ
Сите производи што се во продажба во web-продавницата имаат гаранција за квалитет од увозникот, односно од произведувачот. Со оглед на специфичноста на производите Продавачот не издава дополнителна гаранција.
Купувачот е должен да го прегледа преземениот производ и за недостатоците веднаш, а најдоцна во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на преземањето, да го извести Продавачот во писмена форма, преку mail, или по пошта, бидејќи во спротивно се смета дека го примил производот без видливи недостатоци.
Доколку производот има оштетена амбалажа, да не се презема од доставувачот, бидејќи дополнителните рекламации не се прифаќаат.
Продавачот е должен да го контактира купувачот во рок од 3 работни дена од денот на приемот на рекламацијата. Доколку рекламацијата и барањето на купувачот за отстранување на недостатокот се оправдани, продавачот без одлагање ќе го прифати барањето на Купувачот. Ако Продавачот го оспори недостатокот во одговорот, тој ги наведува причините зошто барањето не е оправдано.
Продавачот има улога на произведувач и одговорен е за штетата предизвикана со грешка кај производот, во согласност со одредбите од законот со кој се уредуваат облигационите односи во Република Северна Македонија.
Месна и стварна надлежност на суд:
Овие „Општи услови“ се направени во согласност со прописите за трговија и Законот за заштита на потрошувачите, Законот за заштита на лични податоци, Законот за облигациони односи и други прописи на Република Северна Македонија.
Во случај на спор надлежен ќе биде Основниот граѓански суд Скопје.
14.ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Прифаќањето на општите услови од страна на купувачот доведува до двостран облигационен однос помеѓу Продавачот и Купувачот.