Политика на приватност

Заштитата на приватноста и доверливоста на податоците на клиентите и вработените е од најголемо значење за Друштво за трговија со злато и сребро ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје (во натамошниот текст: ИНВЕСТ МЕТАЛ), притоа земајќи ја предвид и природата на работењето на друштвото како и податоците коишто ние ги прибираме во тековното работење.

Политика за приватност на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје има за цел да го објасни процесот на собирање, користење, обработка, откривање, заштита и уништување („животниот циклус“) на личните податоци коишто ги обработува.

Секоја активност поврзана со личните податоци, ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје ја спроведува во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти донесени врз основа на овој Закон, како правна рамка којашто ја имплементира општата Регулативата на Европската Унија за заштита на податоците (анг.: “EU General Data Protection Regulation (GDPR)”).

За целите на заштита на личните податоци, ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје има назначено Офицер за заштита на личните податоци (чии контакт податоци може да се најдат подолу во оваа Политика), кого субјектите можат да го контактираат за прашања поврзани со обработката на нивните лични податоци и за остварувањето на нивните законски права. Дополнително, заштита на приватноста и доверливоста на податоците на клиентите на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје е дел од Политиката за приватност чиишто одредби се задолжителни за сите вработени лица во ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје.

 

1. УЛОГАТА НА ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ СПОРЕД ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје согласно одредбите на Законот за заштита на личните податоци е Контролор на лични податоци, односно правно лице коешто ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци на субјектите на лични податоци.

 

2. ОСНОВНИ НАЧЕЛА

Како контролор, ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје обезбедува заштита и обработка на личните податоци во согласност со важечката правна рамка којашто ја следи на редовна основа и за таа цел обезбедува дека личните податоци на субјектите се обработуваат во согласност со следните начела:

-  Законитост, правичност и транспарентност – личните податоци се обработуваат согласно со закон, во доволна мера и на транспарентен начин во однос на субјектот на личните податоци;

-  Ограничување на целите – личните податоци се собираат за конкретни, јасни и легитимни со закон утврдени цели и нема да се обработуваат на начин што не е во согласност со тие цели;

-  Минимален обем на податоци – личните податоци кои се обработуваат се соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите отузаради кои се обрабваат. Ова начело е релевантно и во однос на пристапот до личните податоци кои се обработуваат;

-  Точност – личните подaтоци се точни и, каде што е потребно, ажурирани, при што се преземаат сите соодветни мерки за навремено бришење или корегирање на податоците што се неточни или нецелосни;

- Ограничување на рокот на чување – личните податоци се чувани во формат кој овозможува идентификација на субјектите на личните податоци, не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат личните податоци. Личните податоци може да се чуваат подолго од нивниот рок на чување ако се обработуваат само за целите на архивирање од јавен интерес, за научни или историски истражувања или за статистички цели во согласност закон, а со применување на соодветни технички и организациски мерки заради заштита на правата и слободите на субјектот на личните податоци;

-  Интегритет и доверливост - личните податоци се обработуваат на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка како и нивно случајно уништување или оштетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки; и

-  Начело на отчетност [accountability] - ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје е одговорен за усогласеноста со горенаведените начела и може да ја демонстрира усогласеноста во секое време, особено по барање на надворешни проверувачи, Офицерот за заштита на личните податоци или пак Агенцијата за заштита на личните податоци.

Горенаведените начела на обработка се применуваат кумулативно, сите заедно во текот на севкупниот циклус на обработка на личните податоци.

3. КАТЕГОРИИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ КОИШТО СЕ ОБРАБОТУВААТ ОД СТРАНА НА ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје

ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје обработува лични податоци на корисниците при вршење на продажба на благородни метали, нашите соработници и вработените во ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје како субјекти на лични податоци.

Главен извор на лични податоци на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје се оние лични податоци кои субјектите на лични податоци ги доставуваат до нас при купувањето на благородните метали.

Напоменуваме дека ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје обработува лични податоци единствено во обем којшто е неопходен за целите на обработката.

Особено, ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје може да врши обработка на следниве лични податоци:

Лични податоци што ги доставуваат субјектите при купување на благородни метали (злато, сребро) односно: податоци за идентификација (име и презиме, ЕМБГ), адреса на живеење и контакт податоци (меил и телефон) 

Лични податоци што ги доставуваат нашите соработници за време на исполнување на договорните или преддоговорните дејности, односно: име и презиме на управител, даночен и матичен број на правен субјект, контакт податоци и други податоци потребни за исполнување на договорни или преддоговорни дејности согласно Законот за облигациони односи.

Субјектите на лични податоци се обврзани веднаш да ја известат ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје за каква било промена во горенаведените податоци.

Лични податоци коишто ги прибира ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје се за различни цели:

- лични податоци за исполнување на законски обврски

- лични податоци во врска со деловна соработка;

- лични податоци потребни за вршење на комуникација при деловна соработка

- лични податоци за одговор на ваше барање, прашање или поплака

- лични податоци за користење на нашите услуги 

- во согласност со важечката правна рамка за доставување на податоци до државните органи;

- при вршење на маркетинг активности или директен маркетинг

- во контекст на општа комуникација на клиентите со ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје преку меил/телефон

- “колачиња” (анг.: “cookies”) и придружни технологии кои овозможуваат пристап и употреба на нашата веб-страна;

- податоци што ги засегаат клиентите и коишто се јавно достапни преку интернет или на друг начин;

- податоци за вработените лица во ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје, лицата коишто вршат практикантска или волонтерска работа во ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје во согласност со важечката правна рамка од оваа област (Закон за евиденции од областа на трудот, Законот за работните односи и други) поопширно објаснети во Анекс 1 на оваа Политика;

- податоци за кандидатите за вработување во ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје поопширно објаснети во Анекс 2 на оваа Политика;

- личните податоци кои се собираат при користење на веб – страната на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје поопширно објаснети во Анекс 3 на оваа Политика.

Личните податоци што ги обработува ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје се чуваат во хартиена и електронска форма.

 

4.  ЦЕЛИТЕ НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје ги обработува личните податоци на субјектите коишто се собираат при воспоставувањето / продолжувањето на деловниот однос со ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје, за следните цели:

A. Пред купување на благородни метали:

1. да исполни законска обврска

2. да гo потврди идентитетот на клиентот;

3. да оствари комуникација со клиентите при преземањето на преддоговорните дејствија или за прашања поврзани со деловниот однос со ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје.

4. да го подготви, склучи и да управува со Договорот склучен со ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје и да преземе дејствија за исполнувањето на обврските кон клиентите како и со цел извршување, управување, следење и обработка на клиентските трансакции односно да обезбеди ефикасно да го обезбеди баранaтa услуга или продукт од ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје;

5. да ја оцени соодветноста за понуда на услуга.

Б. Во контекст на законското и тековното работење на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје и заштитата на нејзините права и законски интереси, особено:

1. да ги развива и / или подобрува рекламните и маркетиншките услуги што ги нуди ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје во однос на преференциите на клиентите;

2. да одговори на барања, прашања или поплаки од клиенти;

3. да ги процени и да управува со ризиците во врска со работењето на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје;

4. да ги извршува своите правни побарувања пред судските органи или други тела за вонсудско / алтернативно решавање на спорови,

5. да ги проценува и оптимизира безбедносните процедури, ИТ системите итн.

Г. Врз основа на дадена согласност:

1. да испрати информации за за производите што ги продава ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје што одговараат на интересите и преференциите на клиентите преку неколку канали:

i. директно во ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје

ii. преку телефон

iii. преку меил

2. да чува CV на кандидат за вработување подолго од 12 месеци

Во однос на горенаведеното, напоменуваме дека согласност не е потребна во следниве случаи:

•  за запишување/користење на податоци за идентификација како што е матичниот број согласно законските обврски на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје

•  за извршување на договор склучен со ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје или со цел преземање на потребните активности во врска со Барањето што клиентот го поднел пред пристапување кон договорот;

•  за исполнување на законска обврска на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје како контролор;

•  за заштита на суштинските интереси на клиентите или на друго лице;

•  за извршување на работи од јавен интерес; и

•  кога обработката е потребна за целите на легитимните интереси на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје или на трето лице, освен кога таквите интереси не преовладуваат над интересите или основните права и слободи на субјектите за кои е потребна заштита на лични податоци.

ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје применува соодветни мерки за заштита на правата и слободите и легитимните интереси на субјектите на лични податоци, а најмалку правото на обезбедување на човечка интервенција од страна на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје, право на изразување на личен став и право на оспорување на таквата одлука. Ваквиот тип на Одлуки не се засноваат на посебни категории на лични податоци, освен во случаите дозволени со Законот за заштита на личните податоци.

 

5.  КОРИСНИЦИТЕ НА КОИ ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ МОЖЕ ДА ГИ ОТКРИЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА СУБЈЕКТИТЕ

ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје ги открива личните податоци на јавни органи во согласност со нивните законски овластувања.

Поконкретно, ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје може да ги открие личните податоци на субјектот на личните податоци само доколку е обврзана согласно закон, одлука на надлежен орган или на трети лица, односно на следната категорија корисници на лични податоци: државни органи или правни лица основани од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или други тела како и на трети лица (физички или правни лица) кои дејствуваат по наредба или во име на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје, како што се:

1.  трети лица (физички или правни лица) кои соработуваат со ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје во каква било форма, дејствувајќи во име и за сметка на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје, со цел да се постигне целта за обработка на договорот, вклучувајќи ги следниве категории:

2.  Компании - добавувачи на опрема за информатичка технологија;

3.  Агенции за обезбедување лица и имот со пристап до видео надзор или пристап до адресата на нашиот клиент за безбеден транспорт на производите;

4.  Друштва за консултантски услуги, вклучително и финансиски советници и ревизори;

5.  Компании - даватели на податоци;

6.  Органи за социјално осигурување, јавни установи и јавни компании;

7.  Државни институции и инспекции како што се Трудовиот инспекторат и Државниот пазарен инспекторат;

8.  Финансиски институции, Управа за јавни приходи и други државни институции

9.  Адвокати, извршители и нотари

10.  Банки

11.  Надзорни, судски, независни и други органи на национално и европско ниво заради исполнување на законските обврски на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје наложени согласно важечката регулатива или со судска одлука;

12.  Овластени ревизорски друштва.

ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје соработува само со трети лица кои можат да имплементираат соодветни технички и организациски мерки согласно регулативата и стандардите на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје, при тоа овозможувајќи соодветна заштита на личните податоци. Во вакви случаи, третите лица (обработувачите на личните податоци) се обврзани со конкретен Договор за обработка на лични податоци кој обезбедува дека личните податоци се обработуваат само во согласност со инструкциите дадени од ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје и со почитување на заштитни технички и организациски мерки со кои се обезбедува безбедност на личните податоци.

 

6.   ПРАВИЛАТА ШТО СЕ ПРИМЕНУВААТ ПРИ ПРЕНОС НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА СУБЈЕКТИТЕ ВО ДРУГИ ЗЕМЈИ (ПРЕКУ-ГРАНИЧЕН ПРЕНОС)

ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје смее да изврши пренос на личните податоци кои ги обработува во согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци.

ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје, по потреба, на пример заради спроведување на Договор за користење на услуги од надворешни лица кога давателот на услугата е надворешно лице од странство, може да изврши пренесување на личните податоци во други држави што се членки на ЕУ или на ЕЕА и за тоа ја известува Агенцијата за заштита на лични податоци согласно Законот за заштита на личните податоци и законските правила за пренос на лични податоци во Европската Унија. ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје исто така има право да изврши пренос на личните податоци и во други држави што не се членки на ЕУ или на ЕЕА, по претходно одобрение за пренос на личните податоци од Агенцијата за заштита на личните податоци односно по добиена Одлука за соодветност од страна на Агенцијата доколку проценила дека третата земја обезбедува соодветно ниво на заштита на личните податоци.

ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје не врши пренос надвор од границите на Република Северна Македонија.

 

7.  ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА СУБЈЕКТИТЕ И СОСТОЈБАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ПО ИСТЕК НА ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД

Основно начело во однос на чувањето на личните податоци е дека ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје ги чува не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат истите. Периодот на чување често е поврзан со основот поради кои се обработуваат личните податоци. Пример, доколку обработката на личните податоци е потребна за исполнување на законска обврска често периодот на чување е определен во конкретниот закон.

По истек на временскиот период на чување на податоците, ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје ги уништува податоците согласно соодветна Процедура за уништување на документи, запазувајќи ги одредбите од важечката регулатива за архивирање и уништување на документи. Исто така, обезбедува дека таквиот процес е запазен и од страна на третите лица коишто обезбедуваат услуги во име и за сметка на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје и другите деловни соработници.

 

8.  ПРАВА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Субјектите на лични податоци имаат одреден сет на права утврдени со Законот за заштита на лични податоци кои се подолу објаснети.

-  Право на информираност (член 16, 17 и 18 од Законот)

ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје ги информира субјектите на лични податоци за процесот на обработката на податоците, целите на обработката, категориите на лични податоци што се обработуваат, корисниците/категориите на корисници доколку ги има, намерата за преку – граничен пренос (доколку се пренесени, информации за соодветните заштитни мерки со можност за добивање на копија или информација каде се достапни), временскиот период на чување на личните податоци/критериумите што се користат за одредување на тој период, легитимните интереси на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје ако обработката се врши согласно овој основ за обработка на личните податоци, постоењето на автоматизиран процес на одлучување, вклучувајќи го и профилирањето, како и информација за правата на субјектите на лични податоци. Во согласност со начелото на транспарентност, ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје ги информира субјектите на лични податоци за работите поврзани со личните податоци преку/: документот „Информации за субјектот на личните податоци“.

Напоменуваме дека ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје не е должна да ги достави овие информации во случаите предвидени со Законот за заштита на личните податоци (член 18 став 5).

-  Право на пристап (член 19 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да добијат потврда од ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје дали се обработуваат нивните лични податоци и доколку се обработуваат имаат право да добијат информации согласно правото на информирање.

-  Право на исправка или дополнување (член 20 и 23 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право на исправка на нивните неточни лични податоци.

-  Право на бришење на податоците (член 21 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да побараат од ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје да ги избрише нивните лични податоци, доколку се исполнети условите согласно Законот за заштита на личните податоци. Во суштина, по барање на субјектот на личните податоци, ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје ќе ги избрише истите само доколку личните податоци повеќе не се потребни за целите за кои биле собрани или пак, каде што е релевантно, субјектот на лични податоци ја повлекол својата согласност, а личните податоци биле обработувани врз основа на дадената согласност (во случај на директен маркетинг).

При бришење на личните податоци, ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје води сметка истите да се избришат и од страна на третите страни со кои ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје соработува а кои ги обработуваат тие податоци.

-  Право на ограничување на обработката (член 22 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да побараат од ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје да ја ограничи обработката на нивните лични податоци, доколку се исполнети условите согласно Законот за заштита на личните податоци вклучително и под услов обработката да не е повеќе неопходна за усогласување со законска обврска која бара обработка според закон што се применува во однос на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје.

-  Право на приговор (член 25 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да поднесат приговор до ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје во секое време, врз основа на конкретна ситуација поврзана со нив, кога обработката на нивните лични податоци се заснова врз основа на легитимниот интерес на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје или трето лице или јавниот интерес вклучувајќи и профилирање засновано на овие основи. Доколку личните податоци се обработуваат за цели на директен маркетинг, субјектите имаат право во секое време да поднесат приговор на обработката на личните податоци и да побараат ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје да ја запре натамошната обработка на личните податоци за тие цели.

-  Право на регулирање на било какво автоматско донесување на одлуки и профилирање (член 26 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да не бидат предмет на одлука заснована единствено на автоматизирана обработка на нивните лични податоци, вклучувајќи го и профилирањето што предизвикува правни последици или на сличен начин значително влијае на клиентот, освен во случаите предвидени со Законот за заштита на личните податоци.

-  Право на преносливост (член 24 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да ги добијат нивните лични податоци, а кои ги имаат дадено на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат при што имаат право да ги пренесат на друг контролор, без попречување од страна на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје, доколку се исполнети условите согласно Законот за заштита на лични податоци.

Напоменуваме дека Барањето за остварување на правата е достапно со поднесување на меил адреса: contact@investmetal.mk и истото можете да го поднесете на адреса „Луј Пастер бр.1 Скопје - Центар“ со назнака „за Офицер за заштита на лични податоци“.

НАПОМЕНА: Пред поднесување на Барање за остварување на правата се охрабруваат и замолуваат сите субјекти на лични податоци да ги прочитаат релевантните законски одредби цитирани погоре кои содржат услови и ограничувања кога и како се остваруваат правата, а со цел да се избегнат непотребни и неосновани барања до ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје.

Воедно напоменуваме дека бараните информации ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје ќе ги обезбеди без надоместок освен во случај кога Барањата се очигледно неосновани или прекумерни, особено ако се повторуваат истите барања. Во овие случаи ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје или ќе одбие да постапи по Барањето или ќе наплати надоместок имајќи ги предвид обемот, сложеноста и времето потребно за обезбедување на информацијата или постапувањето по Барањето, за што соодветно ќе бидете известени.

Исто така, напоменуваме дека доколку се побара повеќе од една копија од личните податоци што се обработуваат, ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје донесува одлука дали ќе наплати надоместок при што ги зема предвид обемот, сложеноста и времето потребно за обезбедување на копиите.

 

9.  БЕЗБЕДНОСТ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Доверливоста на личните податоци на клиентите на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје има посебен фокус од страна на сите вработени во ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје.

ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје ги презема потребните технички и организациски мерки со цел да осигура дека личните податоци се заштитени од случајно губење или откривање, уништување или злоупотреба. За оваа цел, се применуваат голем сет на технички и организациски мерки со кои ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје гарантира дека личните податоци

се обработуваат строго согласно Законот за заштита на личните податоци и Правилникот за безбедност на обработка на личните податоци.

Секој вработен е одговорен за почитување на интерните политики за заштита на лични податоци на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје и ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје има нулта толеранција за случаи кои може да ја доведат во прашање довербата и приватноста на клиентите и пошироката јавност.

Нарушување на безбедноста на лични податоци може да настане во случај на случајно или намерно уништување, губење, менување, откривање или пристап до личните податоци.

Во ваква ситуација, ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје веднаш откако дознала за нарушувањето на безбедноста а најдоцна во рок од 72 часа ја известува Агенцијата за заштита на лични податоци. Доколку оцени дека станува збор за ситуација каде што постои веројатност да предизвика висок ризик за правата и слободите на клиентите, и се исполнети законските услови од Законот за заштита на личните податоци, ги известува и сите засегнати физички лица.

ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје има донесено соодветна процедура за начинот на кој треба да се пријави инцидент до Агенцијата за заштита на личните податоци во случај на настанување на безбедносен инцидент поврзан со протекување или нарушување на лични податоци.

 

10.  ИЗМЕНУВАЊЕ / ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОВАА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Политиката на Приватност е усвоена во 2023 година

ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје има право да ја ажурира или изменува односно дополнува оваа Политика за приватност на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје со цел усогласување со важечката правна рамка или стандардите на друштвото, доколку истите се повисоки во однос на предвидените со националното законодавство.

Во ваков случај, ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје ќе објави известување на својата веб-страница со наведување на датумот на измена и кои се измените во Политиката.

 

11.  КОНТАКТ ПОДАТОЦИ ЗА ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ И ОФИЦЕРОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

За било какви прашања во врска со оваа Политика за приватност на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје како и во врска со Политиките од Анексите во прилог на оваа Политика, ве молиме контактирајте го Офицерот за заштита на лични податоци на еден од следните начини:

-  преку писмен допис којшто можете да го поднесете до ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје на адреса „Луј Пастер бр.1 Скопје - Центар“ со назнака „за Офицер за заштита на лични податоци“;

-  по електронски пат, на е-адресата: contact@investmetal.mk

 

АНЕКС број 1: Политика за приватност на личните податоци на вработените на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје

Оваа Политика се однесува на вработените на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје, на практикантите и волонтерите во ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје, вработените со договор на дело и на ангажирани лица (во понатамошниот текст: “вработени”). Оваа Политика ги утврдува видовите на податоци што ги обработува ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје за вработените во ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје, целите на обработка на нивните лични податоци, времето на чување на истите, заштитата, итн...

Категории на лични податоци на вработените што ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје ги обработува

Врз основа на Законот за евиденции од областа на трудот, Законот за работните односи, Законот за практиканство, Законот за волонтерство и други законски и подзаконски акти од оваа област како и заради исполнување на договорните обврски со вработените на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје, ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје може да ги обработува следните лични податоци:

·  име, презиме и татково име на работникот;

·  единствен матичен број на граѓанинот (ЕМБГ);

·  ден, месец и година на раѓање;

·  место на раѓање (општина, населено место и држава);

·  пол (машки-женски);

·  живеалиште и адреса (општина, населено место, улица и број и држава);

·  припадност на заедниците;

·  религиска припадност;

·  учество во синдикат;

·  место на работа (општина, населено место, улица и број, држава);

·  степен и вид на завршено образование (без образование, основно училиште, средно училиште, вишо, факултет, магистри и доктори на наука);

·  степен на стручна подготовка,

-  завршени  програми  за   стручно  оспособување  (обука,  доквалификација  и преквалификација) и

-  посебни знаења и способности (компјутерски способности, знаење на странски јазици и други вештини);

·  шифра и опис на занимање;

·  работно време на работникот (полно работно време или скратено);

·  стаж на осигурување до стапувањето на работа кај работодавачот;

·  траење на работниот однос:

-  на неопределено време и

-  на определено време;

·  број на трансакциска сметка;

·  износ на плата;

·  податоци за дисциплински постапки и изречени парични казни;

·  дали е трудов инвалид (здравствени податоци);

·  датум на засновање на работниот однос;

·  датум на престанок на работниот однос;

·  основа за престанок на работниот однос.

Цели на обработка на личните податоци на вработените на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје

Дополнително, ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје ги обработува личните податоци на вработените на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје и за потребите на легитимниот интерес на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје, во следните ситуации:

·  Носење одлука за внатрешно распоредување по сектори, унапредувања, итн...;

·  Донесување на одлуки за платата и други бенефиции;

·  Обезбедување на договорни бенефиции за вработените;

·  Одржување на сеопфатна, ажурирана евиденција за вработените на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје, со цел да се осигури, меѓу другото, воспоставување на ефикасна коресподенција и одржување на соодветни точки за контакт во случај на некоја итност;

·  Ефикасно следење на работењето и ефикасност и преземање соодветни активности, доклку се појави таква потреба;

·  Проценка за потребите за обуки;

·  Ефективно управување за боледувања и одмори на вработените;

·  Управување со системот за законско отсуство од работа и плата, како што се породилно отсуство, неплатен одмор, и слично;

·  Деловно планирање и реструктуирање;

·  Справување со правни постапки против ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје;

·  Спречување на измами;

Врз основа на законските прописи за заштита на личните податоци, ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје не е обврзана да обезбеди посебна согласност за обработка на посебните категории на лични податоци со цел да ги спроведе своите законски обврски коишто произлегуваат од прописите за работни односи, социјално и здравствено осигурување. Во зависност од целта на обработка, можно е во одредени ситуации да побараме согласност за обработка на посебни категории на лични податоци. Во тој случај, вработените се целосно запознаени со причините за обработката.

Безбедност на обработка на лични податоци

ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје ги презема потребните технички и организациски мерки со цел да осигура дека личните податоци на вработените се заштитени од случајно губење или откривање, уништување или злоупотреба.

Време на чување на лични податоци

Во согласност со начелата за заштита на личните податоци, ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје ги обработува личните податоци само онолку колку е потребно за исполнување на целите на обработката. Во текот на времетраењето на вработувањето, личните податоци на вработените се водат во евиденцијата на вработени, а по престанокот на работниот однос, во согласност со Законот за архивски материјал, Политиката за чување и уништување на документи и електронски записи и Законот за евиденции од областа на трудот се чуваат најмалку 45 години.

Сите податоци поврзани со вработените се чуваат согласно барањата на Законот за работни односи и Законот за архивско работење, односно во временски рок од 45 години.

Сите извештаи за вработени како што се дисциплински и истраги се чуваат 3 години по завршување на работниот однос.

Податоците на клиентите се чуваат 10 години.

Поплаките кои ги даваат корисниците се чуваат 3 години.

Податоците добиени од потрошувачите или други клиенти преку потпишување на договор се обработуваат за времетраење до исполнување на облигациите од тој договор и се бришат најдоцна 1 година по исполнување на сите права и обврски кои произлегуваат од тој договор.

Автоматско донесување на поединечни одлуки

ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје не ги обработува личните податоци на вработените на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје за носење автоматски одлуки поврзани со вработените.

 

АНЕКС број 2: Политика за приватност на личните податоци на кандидатите за вработување во ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје

Оваа Политика се однесува на кандидатите за вработување во ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст: “кандидати”). Оваа Политика ги утврдува видовите на податоци што ги чува ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје за кандидатите за вработувањe, целите на обработка на нивните лични податоци, времето на чување на истите, итн..

Категории на лични податоци на кандидатите за вработување во ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје што ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје ги обработува

ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје може да ги обработува следните лични податоци на кандидати за работа:

•  Име и презиме, адреса, датум на раѓање, телефонски број;

•  Слика и тоа единствено со изречна согласност од кандидатот, дадена во согласност со Законот за заштита на личните податоци;

•  пол;

•  информации вклучени во CV-то, вклучвајќи степен на образование и историја на вработување;

•  документација за потврдување на правото кандидатот да работи во Република Северна Македонија;

•  возачка дозвола (за одредени работни позиции).

Цели на обработка на личните податоци на кандидатите за вработување во ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје

ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје има легитимен интерес да ги обработува личните податоци на кандидатите за вработување заради следниве цели:

•  Носење одлука кому да му се понуди вработување од кандидатите пријавени за работното место, внатрешно распоредување по сектори, унапредувња и слично;

•  Донесување на одлуки за платата и други бенефиции;

•  Проценка за потребите за обуки.

Доколку апликацијата не е успешна и на кандидатот не му е понудено работното место, личните податоци нема да бидат употребени за било каква друга причина. Истите ќе бидат уништени од базата на податоци на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје. При горниот случај, ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје може да побара согласност од кандидатот за да ги зачува неговите лични податоци во базата на податоци на потенцијални кандидати за вработување, во случај да се појават соодветни слободни работни места во организацијата за кои смета дека би сакале да аплицираат во рок од 1 година максимум.

Корисници и пренос на Вашите лични податоци

Како кандидат за вработување во ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје, ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје ги открива личните податоци на раководителот на Секторот во ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје за работното место за коешто аплицирал кандидатот, како и на останатите вработени лица во ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје задолжени за интервјуирање и селекција на кандидати. Во однос на остантите можни корисници на личните податоци на кандидатот како и за преносот на личните податоци, важат одредбите за пренос на личните податоци од Политиката за приватност на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје.

Безбедност на обработка на личните податоци

ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје ги презема потребните технички и организациски мерки со цел да осигура дека личните податоци се заштитени од случајно губење или откривање, уништување или злоупотреба.

Време на чување на личните податоци

Во согласност со начелата за заштита на личните податоци, ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје ги обработува личните податоци само онолку колку е потребно за исполнување на целите на обработката, а истото зависи од тоа дали апликацијата на кандидатот ќе биде успешна или неуспешна.

Доколку апликацијата е неуспешна, и притоа ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје нема согласност од кандидатот да ги чува неговите лични податоци за идни отворени работни позиции во ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје, личните податоци ќе ги чува најмногу 60 дена од денот на завршување на изборот за работната позиција.

Доколку ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје побарала и добила согласност за чување на личните податоци за идни отворени работни позиции во ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје, податоците ќе ги чува во период од 1 години.

По завршување на овој период ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје ќе ги уништи личните податоци, освен во случај ако порано кандидатот ја повлекол согласноста.

Доколку апликацијата е успешна, личните податоци ќе бидат пренесени во евиденцијата на вработени на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје.

 

АНЕКС број 3: Политика за приватност на личните податоци на веб-страната и онлајн сервисите на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје

ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје собира податоци за посетителите на својата веб – страница достапна на следниот линк: https://www.investmetal.mk/

Веб-страницата може да вклучува линкови до други веб-страници кои се под одговорност на трети лица (физички или правни лица). Во никој случај ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје не е одговорна за мерките за заштита и управување со личните податоци во однос на гореспоменатите веб- страници на трети лица.

Личните податоци кои се собираат преку веб-страната на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје се потребни во моментот кога корисникот ќе ја побара услугата или посети страницата. ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје може да ги обработи сите или дел од дадените лични податоци од корисниците со цел да ја обезбеди услугата како и за статистички/аналитички цели со цел подобрување на услугите и корисничкото искуство.

Поконкретно, ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје ги собира следните податоци:

Лични идентификациски податоци

ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје може да собира лични идентификациски податоци од корисниците на разни начини, а во врска со активностите, услугите, карактеристиките или достапните ресурси на веб- страницата и онлајн сервисите на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје.

Корисниците може да ја посетат страницата и анонимно преку „инкогнито моуд (incognito mode)“ на интернет пребарувачот.

Лични податоци кои ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје може да ги собира и обработува кога ги посетувате веб- страницата или останатите онлајн услуги, се податоците добиени од страна на колачињата.

Идентификациски податоци што не се лични

ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ може да собира и идентификациски податоци за корисниците што не се лични, секогаш кога ја посетуваат веб – страницата или онлајн сервисите на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје. Идентификациските податоци што не се лични може да вклучуваат:

-  Data tracking, односно името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на веб - страницата, како што се оперативен систем и испорачувачот на интернет - услугата и слични информации,

-  Времетраење на посета како и времетраење на одреден проблем кој настанал при користењето на веб-страницата или онлајн сервисите,

-  Псевдоминизиран ID (единствен идентификациски број) кој се чува со цел да се идентификува корисникот кога повторно ја посетува веб-страницата,

-  Маркетинг податоци, односно податоци кои укажуваат на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје кои реклами и промоции ги прегледал корисникот и сл.,

-  Локациски информации, односно податоци за локацијата од каде е отворена веб- страницата или е пристапено кон онлајн сервисите.

Сите овие информации се собираат со цел да се креира псевдоаномизиран профил на корисник. На овој начин се заштитуваат личните податоци на корисникот.

“Колачиња (анг.: Cookies)”

Веб - страницата на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје може да користи „колачиња” со цел да се подобри корисничкото искуство, да се подобри пристапот до одредени услуги на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје, да се идентификуваат најчесто посетуваните области како и да се процени ефективноста на на веб – страницата, но притоа не се обработуваат личните податоци на корисникот. „Колачињата“ се мали текстуални (text) фајлови кои се испраќаат до компјутерот на корисникот со цел да се обезбеди техничка функционалност на веб-страницата и да се персонализира корисничкото искуство (пр. „колаче“ кое ги памти преференциите на корисникот при следна посета на веб-страницата).

ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје може да користи „колачиња“ кои спаѓаат во четири категории:

- Строго неопходни колачиња. Овие колачиња се секогаш активни поради функционалноста на веб-страницата.

- Аналитички колачиња. Податоците кои се обработуваат со овие колачиња се поврзани со начинот на кој се користи веб-страницата од страна на корисниците (од каде доаѓа посетителот, кои страници ги посетува, и сл.). Овие податоци не се користат за маркетинг или други цели освен за подобрување на корисничкото искуство на посетителот.

- Маркетинг колачиња. ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје не користи „колачиња“ кои собираат податоци кои потоа се обработуваат за маркетинг цели. Истовремено, има воспоставено колаче од Google AdSense (трета страна) за нивни маркетинг цели (таргетирање на посетителите додека посетуваат различни веб-страници). Истите се користат согласно Политиката за приватност на Google.

- Колачињата од трети страни. Колачиња од трети страни овозможуваат различни функционалности на нашиот сајт како (рекламирање, фукнции на социјални медиуми, аналитики). Овие колачиња не се во сопственост на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје и ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје нема контрола врз нив и како тоа ке бидат истите искористени.

За целосна транаспарентност, ве молиме прочитајте ја нашата Политика за колачиња која е достапна на нашта веб страна.

При првата посета на веб-страницата на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје посетителот добива информација за политиката на „колачиња“ на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје и дава согласност за користење на истите. Во таа насока, напоменуваме дека „колачињата” коишто се неопходни од технички аспект со цел корисниците да ја користат веб – страницата на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје не е можно да се исклучат. Во однос на останатите видови “колачиња”, коишто не се неопходни за општата функционалност на веб – страницата, предвидена е можност да ги одбиете или да се согласите да ги прифатите. Корисниците може во секој момент да ги изменат преференциите.

Дополнително, користењето на веб-страницата на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за корисничкото искуство на посетителот.

ЦЕЛИ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

•  За подобрување на функционалноста на веб-страницата и онлајн сервисите

ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје постојано се стреми да ја подобри понудата на својата веб – страница и онлајн сервиси базирано на повратните информациите што ги добиваме од корисниците.

•  За подобрување на услугите на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје кон клиентите

Личните податоци помагаат поефикасно да одговориме на барањата на корисниците за дадени услуги или поддршка што им е потребна (пр. процесирање на трансакции, верификација на идентитет, спречување измами, аналитика, итн.).

БЕЗБЕДНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на личните податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на веб – страницата или онлајн сервисите на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје.

ВЕБ-СТРАНИЦИ НА ТРЕТИ ЛИЦА

Корисниците може да најдат реклами или друга содржина на веб – страницата на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје, кои водат кон други страници и сервиси на наши партнери, снабдувачи, рекламни фирми, спонзори, и други трети лица. ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје не ја контролира содржината или врските што се присутни на тие страници и не е одговорна за постапките на вработените од страниците што се поврзани кон или од веб – страницата на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје. Дополнително, наведените страници или сервиси, вклучувајќи ги содржината и врските, може постојано да се менуваат. Наведените страници или сервиси може да имаат сопствена Политика за приватност на личните податоци на нивните веб- страници и посебна Политика за односи со клиенти. Пребарувањето и интеракцијата со било која друга страница, вклучувајќи ги и страниците што имаат врски кон веб – страницата на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје е предмет на конкретните правила и политика на односните страници.

ПРОМЕНИ ВО ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје има воспоставено дополнителна Политика на колачиња која ги објаснува деталите за колачињата кои се користат на страната. Политиката можете да ја најдете на нашата веб страница.

Информации за приватност на субјектот на лични податоци

Со овој документ, ние како Контролор на лични податоци Друштво за трговија со злато и сребро ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје (во понатамошен текст ИНВЕСТ МЕТАЛ), со седиште: Луј Пастер бр.1 Скопје - Центар, со електронска пошта contact@investmetal.mk – овозможуваме информации за обработката на личните податоци и Вашите права поврзани со оваа обработка.

Нашата визија за заштита на личните податоци:

ИНВЕСТ МЕТАЛ посветува големо внимание на заштитата на личните податоци во сите свои деловни процеси, имплементирајќи ги стандардите поставени со прописите за приватност и заштита на личните податоци во Република Северна Македонија, кои се подетално разработени во интерните Политики и процедури кои го сочинуваат системот на заштита на лични податоци на ИНВЕСТ МЕТАЛ .

Нашата политика на приватност е прикачена на веб страната на ИНВЕСТ МЕТАЛ и истата можете да ја добиете во електронска верзија на ваше барање

Цел, опис и категории на лични податоци кои се предмет на обработка:

ИНВЕСТ МЕТАЛ обработува лични податоци на корисниците при вршење на продажба на благородни метали, нашите соработници и вработените во ИНВЕСТ МЕТАЛ како субјекти на лични податоци.

Главен извор на лични податоци на ИНВЕСТ МЕТАЛ се оние лични податоци кои субјектите на лични податоци ги доставуваат до нас при купувањето на благородните метали.

Напоменуваме дека ИНВЕСТ МЕТАЛ обработува лични податоци единствено во обем којшто е неопходен за целите на обработката.

Особено, ИНВЕСТ МЕТАЛ може да врши обработка на следниве лични податоци:

Лични податоци што ги доставуваат субјектите при купување на благородни метали (злато, сребро) односно: податоци за идентификација (име и презиме, ЕМБГ), адреса на живеење и контакт податоци (меил и телефон) 

Лични податоци што ги доставуваат нашите соработници за време на исполнување на договорните или преддоговорните дејности, односно: име и презиме на управител, даночен и матичен број на правен субјект, контакт податоци и други податоци потребни за исполнување на договорни или преддоговорни дејности согласно Законот за облигациони односи.

Субјектите на лични податоци се обврзани веднаш да ја известат ИНВЕСТ МЕТАЛ за каква било промена во горенаведените податоци.

Лични податоци коишто ги прибира ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје се за различни цели:

- лични податоци за исполнување на законски обврски

- лични податоци во врска со деловна соработка;

- лични податоци потребни за вршење на комуникација при деловна соработка

- лични податоци за одговор на ваше барање, прашање или поплака

- лични податоци за користење на нашите услуги

- во согласност со важечката правна рамка за доставување на податоци до државните органи;

- при вршење на маркетинг активности или директен маркетинг

- во контекст на општа комуникација на клиентите со ИНВЕСТ МЕТАЛ преку меил/телефон

- “колачиња” (анг.: “cookies”) и придружни технологии кои овозможуваат пристап и употреба на нашата веб-страна;

- податоци што ги засегаат клиентите и коишто се јавно достапни преку интернет или на друг начин;

- податоци за вработените лица во ИНВЕСТ МЕТАЛ, лицата коишто вршат практикантска или волонтерска работа во ИНВЕСТ МЕТАЛ во согласност со важечката правна рамка од оваа област (Закон за евиденции од областа на трудот, Законот за работните односи и други) поопширно објаснети во Анекс 1 на Политиката на приватност на ИНВЕСТ МЕТАЛ ;

- податоци за кандидатите за вработување во ИНВЕСТ МЕТАЛ поопширно објаснети во Анекс 2 на Политиката на приватност на ИНВЕСТ МЕТАЛ

- личните податоци кои се собираат при користење на веб – страната на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје поопширно објаснети во Анекс 3 на Политиката на приватност на ИНВЕСТ МЕТАЛ .

Личните податоци што ги обработува ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје се чуваат во хартиена и електронска форма.

Правен основ за обработка на вашите лични податоци:

·  Исполнување на законска обврска - Вашите лични податоци ги обработуваме заради законски обврски (пример обврска за чување на персоналното досие на вработените, чување на книга на вработени, собирање на податоците за идентификација на клиентите).

·  Исполнување на договорна обврска - Вашите лични податоци ги обработуваме и заради исполнување на договорните обврски кои произлегуваат од Договорот за вработување и заради исполнување на други договорни обврски кои произлегуваат од некој Договор, но во рамки на прописите утврдени во Законот за заштита на лични податоци и неговите подзаконски акти или други релевантни закони.

·  Легитимен интерес на компанијата – Легитимните интереси се интереси на компанијата. Тие можат да вклучуваат комерцијални интереси, индивидуални интереси или пошироки општествени придобивки, но при такви обработки секогаш треба да се објасни целта од таа обработка.

·  Изјава за согласност - Обработката на Вашите податоци, ако не е со законски основ можеме да извршиме само врз основа на Ваша дадена изречна согласност. Во тој случај ќе превземеме соодветни мерки, за благовремено, на транспарентен, разбирлив и лесно достапен начин да Ве известиме за целта на обработката за која ни е неопходна Вашата согласност за да можете да донесете информирана одлука за тоа дали сакате да ни ја дадете согласноста. Дополнително ќе бидете известени за Вашите законски права, можноста за повлекување на согласноста во било кое време како и начинот на повлекување на дадената согласност врз основа на Законот за заштита на личните податоци.

Што е електронско известување:

Електронско известување е секое правно обврзувачко известување кое произлегува од облигациониот однос помеѓу корисникот и нашата компанија, за кое корисникот дал согласност да се проследи по електронски пат , како замена за известувањето по пошта

Што е директен маркетинг:

Секој вид на комуникација остварена на било кој начин со цел испраќање на рекламен, маркетиншки или пропаганден материјал која е насочена директно до идентификуван корисник.

Права на Корисниците- субјекти на лични податоци

Субјектите на лични податоци имаат одреден сет на права утврдени со Законот за заштита на лични податоци кои се подолу објаснети.

-  Право на информираност (член 16, 17 и 18 од Законот)

ИНВЕСТ МЕТАЛ ги информира субјектите на лични податоци за процесот на обработката на податоците, целите на обработката, категориите на лични податоци што се обработуваат, корисниците/категориите на корисници доколку ги има, намерата за преку – граничен пренос (доколку се пренесени, информации за соодветните заштитни мерки со можност за добивање на копија или информација каде се достапни), временскиот период на чување на личните податоци/критериумите што се користат за одредување на тој период, легитимните интереси на ИНВЕСТ МЕТАЛ ако обработката се врши согласно овој основ за обработка на личните податоци, постоењето на автоматизиран процес на одлучување, вклучувајќи го и профилирањето, како и информација за правата на субјектите на лични податоци. Во согласност со начелото на транспарентност, ИНВЕСТ МЕТАЛ ги информира субјектите на лични податоци за работите поврзани со личните податоци преку Политиката за приватност.

Напоменуваме дека ИНВЕСТ МЕТАЛ не е должна да ги достави овие информации во случаите предвидени со Законот за заштита на личните податоци (член 18 став 5).

Доколку сакате да дознаете повеќе информации за правото на информираност погледнете на следниот линк: https://azlp.mk/vashite-prava/%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d0%b8%d0%bd%d1%84%d0%be%d1%80%d0%bc%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5/

-  Право на пристап (член 19 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да добијат потврда од ИНВЕСТ МЕТАЛ дали се обработуваат нивните лични податоци и доколку се обработуваат имаат право да добијат информации согласно правото на информирање.

Доколку сакате да дознаете повеќе информации за правото на пристап погледнете на следниот линк: https://azlp.mk/vashite-prava/%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bf/

-  Право на исправка или дополнување (член 20 и 23 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право на исправка на нивните неточни лични податоци.

Доколку сакате да дознаете повеќе информации за правото на исправка или дополнување погледнете на следниот линк: https://azlp.mk/vashiteprava/%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d0%b8%d1%81%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%ba%d0%b0/

-  Право на бришење на податоците (член 21 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да побараат од ИНВЕСТ МЕТАЛ да ги избрише нивните лични податоци, доколку се исполнети условите согласно Законот за заштита на личните податоци. Во суштина, по барање на субјектот на личните податоци, ИНВЕСТ МЕТАЛ ќе ги избрише истите само доколку личните податоци повеќе не се потребни за целите за кои биле собрани или пак, каде што е релевантно, субјектот на лични податоци ја повлекол својата согласност, а личните податоци биле обработувани врз основа на дадената согласност (во случај на директен маркетинг).

При бришење на личните податоци, ИНВЕСТ МЕТАЛ води сметка истите да се избришат и од страна на третите страни со кои ИНВЕСТ МЕТАЛ соработува а кои ги обработуваат тие податоци.

Доколку сакате да дознаете повеќе информации за правото на бришење на податоците погледнете на следниот линк: https://azlp.mk/vashite-prava/%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d1%80%d0%b8%d1%88%d0%b5%d1%9a%d0%b5-%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%be-%d0%b4%d0%b0-%d1%81%d0%b5-%d0%b1%d0%b8%d0%b4%d0%b5-%d0%b7%d0%b0%d0%b1/

-  Право на ограничување на обработката (член 22 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да побараат од ИНВЕСТ МЕТАЛ да ја ограничи обработката на нивните лични податоци, доколку се исполнети условите согласно Законот за заштита на личните податоци вклучително и под услов обработката да не е повеќе неопходна за усогласување со законска обврска која бара обработка според закон што се применува во однос на ИНВЕСТ МЕТАЛ.

Доколку сакате да дознаете повеќе информации за правото на ограничување на обработката погледнете на следниот линк: https://azlp.mk/vashite-prava/%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%87%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%b1%d1%80%d0%b0%d0%b1%d0%be%d1%82%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b0/

-  Право на приговор (член 25 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да поднесат приговор до МЕТАЛ ИНВЕСТ во секое време, врз основа на конкретна ситуација поврзана со нив, кога обработката на нивните лични податоци се заснова врз основа на легитимниот интерес на ИНВЕСТ МЕТАЛ или трето лице или јавниот интерес вклучувајќи и профилирање засновано на овие основи. Доколку личните податоци се обработуваат за цели на директен маркетинг, субјектите имаат право во секое време да поднесат приговор на обработката на личните податоци и да побараат ИНВЕСТ МЕТАЛ да ја запре натамошната обработка на личните податоци за тие цели.

Доколку сакате да дознаете повеќе информации за правото на приговор погледнете на следниот линк: https://azlp.mk/vashite-prava/%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d0%b3%d0%be%d0%b2%d0%be%d1%80/

-  Право на регулирање на било какво автоматско донесување на одлуки и профилирање (член 26 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да не бидат предмет на одлука заснована единствено на автоматизирана обработка на нивните лични податоци, вклучувајќи го и профилирањето што предизвикува правни последици или на сличен начин значително влијае на клиентот, освен во случаите предвидени со Законот за заштита на личните податоци.

ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје не врши профилирање или автоматско донесување на одлуки

Доколку сакате да дознаете повеќе информации за правото на регулирање на било какво автоматско донесување на одлуки и профилирање погледнете на следниот линк: https://azlp.mk/vashite-prava/%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%be-%d0%b4%d0%b0-%d0%bd%d0%b5-%d1%81%d0%b5-%d0%b1%d0%b8%d0%b4%d0%b5-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b4%d0%bc%d0%b5%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%b4%d0%bb%d1%83%d0%ba%d0%b0-%d0%ba%d0%be/

-  Право на преносливост (член 24 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да ги добијат нивните лични податоци, а кои ги имаат дадено на ИНВЕСТ МЕТАЛ во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат при што имаат право да ги пренесат на друг контролор, без попречување од страна на ИНВЕСТ МЕТАЛ, доколку се исполнети условите согласно Законот за заштита на лични податоци.

Доколку сакате да дознаете повеќе информации за правото на преносливост погледнете на следниот линк: https://azlp.mk/vashite-prava/%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%be%d1%81%d0%bb%d0%b8%d0%b2%d0%be%d1%81%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%b4%d0%b0%d1%82%d0%be%d1%86%d0%b8%d1%82%d0%b5/

ИНВЕСТ МЕТАЛ е должен да одговори на корисникот во рок од 15 дена од денот на примеот на барањето, при што нема обврска повторно да одговори на исто или слично негово барање, ако во меѓувреме нема промени во неговите лични податоци, освен ако изминале шест месеци од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање.

Доколку коринсикот не добие одогвор на барањето за пристап до лични податоци, може да поднесе барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци пред Агенцијата за заштита на личните податоци на нивната меил адреса: info@privacy.mk или преку испраќање на пошта до нивната адреса: Бул.„Гоце Делчев“бр. 18, (зградата на Македонска радио телевизија МРТВ – кат 14).

Рок на чување на вашите лични податоци:

Должината на времето кога ги чуваме Вашите информации зависи од тоа за каков вид на информации станува збор.

Податоците за идентификација на клиентот се чуваат 10 години.

Дадените согласности од страна на субјекот се чуваат 6 години или до повлекување на согласноста од страна на субјектот.

Сите податоци поврзани со вработените се чуваат согласно барањата на Законот за работни односи и Законот за архивско работење, односно во временски рок од 45 години.

Сите извештаи за вработени како што се дисциплински и истраги се чуваат 3 години по завршување на работниот однос.

Податоците добиени од потрошувачите или други клиенти преку потпишување на договор се обработуваат за времетраење до исполнување на облигациите од тој договор и се бришат најдоцна 1 година по исполнување на сите права и обврски кои произлегуваат од тој договор.

Ние ја чуваме нашата евиденција барем за минималниот наведен потребен период на задржување.

Категории на обработувачи на кои би можеле да пренесеме лични податоци:

ИНВЕСТ МЕТАЛ Скопје ги открива личните податоци на јавни органи во согласност со нивните законски овластувања.

Поконкретно, ИНВЕСТ МЕТАЛ Скопје може да ги открие личните податоци на субјектот на личните податоци само доколку е обврзана согласно закон, одлука на надлежен орган или на трети лица, односно на следната категорија корисници на лични податоци: државни органи или правни лица основани од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или други тела како и на трети лица (физички или правни лица) кои дејствуваат по наредба или во име на ИНВЕСТ МЕТАЛ Скопје, како што се:

трети лица (физички или правни лица) кои соработуваат со ИНВЕСТ МЕТАЛ Скопје во каква било форма, дејствувајќи во име и за сметка на ИНВЕСТ МЕТАЛ Скопје, со цел да се постигне целта за обработка на договорот, вклучувајќи ги следниве категории:

1.  трети лица (физички или правни лица) кои соработуваат со ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје во каква било форма, дејствувајќи во име и за сметка на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје, со цел да се постигне целта за обработка на договорот, вклучувајќи ги следниве категории:

2.  Компании - добавувачи на опрема за информатичка технологија;

3.  Агенции за обезбедување лица и имот со пристап до видео надзор или пристап до адресата на нашиот клиент за безбеден транспорт на производите;

4.  Друштва за консултантски услуги, вклучително и финансиски советници и ревизори;

5.  Компании - даватели на податоци;

6.  Органи за социјално осигурување, јавни установи и јавни компании;

7.  Државни институции и инспекции како што се Трудовиот инспекторат и Државниот пазарен инспекторат;

8.  Финансиски институции, Управа за јавни приходи и други државни институции

9.  Адвокати, извршители и нотари

10.  Банки

11.  Надзорни, судски, независни и други органи на национално и европско ниво заради исполнување на законските обврски на ИНВЕСТ МЕТАЛ ДООЕЛ Скопје наложени согласно важечката регулатива или со судска одлука;

12.  Овластени ревизорски друштва.

ИНВЕСТ МЕТАЛ Скопје соработува само со трети лица кои можат да имплементираат соодветни технички и организациски мерки согласно регулативата и стандардите на ИНВЕСТ МЕТАЛ Скопје, при тоа овозможувајќи соодветна заштита на личните податоци. Во вакви случаи, третите лица (обработувачите на личните податоци) се обврзани со конкретен Договор за обработка на лични податоци или друг правен акт согласно членот 32 кој обезбедува дека личните податоци се обработуваат само во согласност со инструкциите дадени од ИНВЕСТ МЕТАЛ Скопје и со почитување на заштитни технички и организациски мерки со кои се обезбедува безбедност на личните податоци.

Извори на лични податоци:

Ние ги добиваме личните податоци директно од Вас преку започнување на деловен однос, или преку дадена изречна изјава за согласност.

Автоматско одлучување врз основа на личните податоци:

При обработка на личните податоци не се случува автоматско одлучување.

Кои се Вашите права ?

Со цел да ги остварите Вашите права кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на Вашите лични податоци, приговор и преносливост), упатете барање на електронската адреса на офицерот за заштита на личните податоци: contact@investmetal.mk

Доколку сметате дека е повредено некое ваше право за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање за утврдување на прекшување на прописите за заштита на личните податоци пред Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.