Што ја движи цената на златото?


Денес, златото има голема побарувачка не само за инвестициски цели и за изработка на накит, туку се користи и за производство на одредени електронски и медицински уреди. Златото (заклучно со Март 2021 година) вредеше над 1,700 долари за унција, и додека тоа е за околу 300 долари помалку од Септември 2020 година, сè уште е значително повеќе од вредноста од под 100 долари која ја имаше до пред 50 години. Кои фактори ја движат цената на овој благороден метал со текот на времето?

Главни Потточки

  • Инвеститорите долго време се заљубени во златото, па цената на металот значително се зголеми во текот на изминатите 50 години;
  • Како и повеќето стоки, понудата и побарувачката е неверојатно важна, но златото исто така задржува дополнителна вредност;
  • Државните трезори и централните банки претставуваат еден важен извор на побарувачка за металот;
  • Побарувачката за инвестирање, особено на големите фондови за берзанско тргување (Exchange-Traded Funds - ETF), е уште еден фактор што влијае врз цената на златото;
  • Златото понекогаш се движи спротивно од американскиот долар бидејќи металот е деноминиран во долари, што го прави заштитен од инфлација;
  • Залихите на злато првенствено се поттикнати од рударското производство, кое е стабилизирано од 2016 година.

Резерви на централните банки

Централните банки чуваат хартиени валути и злато во своите резерви. Како што централните банки ги диверзифицираат своите монетарни резерви - од хартиените валути што ги акумулирале па во злато - цената на златото обично расте. Многу од светските нации имаат резерви кои се составени првенствено од злато.

Блумберг објави дека глобалните централни банки купуваат најмногу злато откако САД го напуштија златниот стандард во 1971 година, при што бројките за 2019 година се скоро исти од тие од 2018 година кога се постави 50-годишен рекорд. Турција беше најголемиот купувач на злато во 2019 година, а потоа следат Русија, Полска и Кина, според Светскиот Совет за Злато. Севкупно, владите купија вкупно 650 тони злато во 2019 година, што е малку помалку од 656 тони купени во 2018 година, но сепак блиску до максимумот од последните 50 години.

Вредност на американскиот долар

Цената на златото е генерално обратно поврзана со вредноста на американскиот долар бидејќи металот е деноминиран во долари. Кога другите фактори остануваат исти, посилниот американски долар има тенденција да ја одржува цената на златото пониска и поконтролирана, додека послабиот американски долар веројатно ќе ја зголеми цената на златото преку зголемување на побарувачката (бидејќи повеќе злато може да се купи кога доларот е послаб).

Како резултат на тоа, златото често се вреднува како заштита од инфлација. Инфлација е кога цените растат, и уште повеќе се зголемуваат како што паѓа вредноста на доларот. Како што расте инфлацијата, така расте и цената на златото.

Светска побарувачка за накит и индустриска намена

Според Светскиот Сојуз на Злато, во 2019 година, накитот сочинуваше приближно половина од побарувачката на злато, која изнесуваше повеќе од 4,400 тони. Индија, Кина и САД се големи потрошувачи на злато за накит во однос на севкупниот обем. Други 7,5% од побарувачката се припишуваат на технологијата и индустриските намени за злато, каде што се користи во производството на медицински помагала како што се стентови и прецизна електроника како GPS единици.

Според тоа, на цените на златото може да влијае основната теорија на понуда и побарувачка; како што се зголемува побарувачката за стоки за широка потрошувачка како накит и електроника, цената на златото може да се порасне.

Заштита на богатството

За време на економска несигурност, како што воочи при време на економска рецесија или глобална пандемија, повеќе луѓе се насочуваат кон инвестирање во злато поради неговата трајна вредност. Златото често се смета за „безбедно засолниште“ за инвеститорите за време на турбулентни времиња. Кога очекуваните или реалните приноси на обврзниците, акциите и недвижен имот паѓаат, интересот за инвестирање во злато може да се зголеми, зголемувајќи ја неговата цена. Златото може да се користи како бариера за заштита од економски настани како што се девалвација на валутата или инфлација. Покрај тоа, златото се смета како обезбедувач на заштита и за време на периоди на политичка нестабилност.

Побарувачка за инвестирање

Златото, исто така, гледа побарувачка од фондовите со кои се тргува на берзата кои го чуваат металот и издаваат акции што инвеститорите можат да ги купуваат и продаваат. SPDR Gold Trust (GLD) е најголемиот ваков фонд и има над 1,078 тони злато заклучно со Март 2021 година. Севкупно, набавките на злато од различни инвестициски тела во 2019 година беа 1,271.7 тони, според Светскиот Совет за Злато, што претставува над 29% од вкупниот побарувачка за злато.

Важно: додека некои ETF фондови обезбедуваат сопственост на вистинскиот метал, други имаат акции на рударски компании наместо вистинско злато.

Производство на злато

Главните играчи во светскиот ископ на злато се Кина, Јужна Африка, САД, Австралија, Русија и Перу. Светското производство на злато влијае на цената на златото, уште еден пример за понуда и побарувачката. Производството во рудниците за злато беше приближно 3,260 тони во 2018 година, што е повеќе од 2,500те тони во 2010 година.

Сепак, и покрај зголемувањето во периодот од десет години, производството на ископување злато не се промени значително од 2016 година. Една од причините е што „лесното злато“ веќе е ископано; рударите сега мора да копаат подлабоко за да дојдат до квалитетни златни резерви. Фактот дека златото станува се поголем предизвик за да се пристапи предизвикува дополнителни проблеми: рударите се изложени на дополнителни опасности, а влијанието врз животната средина е зголемено. Накратко, чини се повеќе да се добие помалку злато. Овие фактори ги зголемуваат трошоците за производство на рудникот за злато, што понекогаш резултира со повисоки цени на златото.

Во кратки црти

Долго време бевме, и најверојатно ќе продолжиме да бидеме вљубени во златото. Денес, побарувачката за злато, количината на злато во резервите на централната банка, вредноста на американскиот долар и желбата да се чува златото како заштита од инфлација и девалвација на валутата, помагаат да се зголеми цената на благородниот метал.


Извор: investopedia.com