Многуте корисни придобивки од златото

Од сите руди на Земјата, ниту една не е покорисна од златото. Многуте придобивки од златото произлегуваат од спектарот на неговите специјални карактеристики. Златото спроведува електрицитет, не корозира, многу е лесно за обработка, може да се лее во форма на жица или да се столчи во тенки листови, да се претопи со други метали, да се кова во високо-деликатни форми, има прекрасна боја и брилијантен сјај. Златото е незаборавен метал кој има посебно место во човечкото срце.


Кратка историја на златото

Кога за прв пат шпанските истражувачи кога пристигнале во „Новиот Свет“ тие ги сретнале домородците од Јужна Америка. Овие две цивилизации разделени од огромен океан претходно никогаш не стапиле во меѓусебен контакт; тие зборувале на различни јазици и живееле сосема различни животи. Но сепак, без разлика на нивните различности и двете цивилазации имале и по нешто заедничко, а тоа е златото; и двете цивилизации го вреднувале златото како еден од најбитните и најскапоцени материјали. 

Низ историјата на нашата планета, скоро секоја кулура го користела златото за да ја симболизира својата моќ, убавина и големи достигнувања. Денес ние продолжуваме да го вреднуваме златото како еден од најскапоцените материјали, затоа златото се подарува кога некој човек ќе постигне нешто големо. Тоа се користи кај највредните предмети: нобелова награда, олимписки медал, оскар, монети, накит и уметнички дела. Не постои друг метал кој е толку истакнат во нашето општество. 

Накитот – примарна употреба на златото

Златото се користело за изработка на украсни предмети и накит со илјадници години. Златните грутки биле пронаоѓани во потоци и реки биле лесно преработливи, па така златото станало еден од првите метали кои бил користен од човекот. Денес, најголем дел од златото кое е ново ископано или рециклирано се користи во изработка на накит. Околу 78% од златото кое се користи секоја година, се користи за производство на накит. 

Битните својства од златото го прават совршена руда за произведување на накит. Златото се одлукува со: многу висок сјај, посакуваната жолта боја, отпорност на корозија, лесно менување на формата и други. Сите овие се својства на еден атрактивен метал кој лесно се претвара во убав предмет. Уште еден исклучително битен фактор е потребата од златото како дел од традицијата.

Чистото злато е многу меко за да се користи при изработката на накитот. Занаетчиите го комбинираат златото со другите метали како што се бакар, сребро и платина, кои комбинирани со златотото доведуваат до зголемување на издржливоста. Денес, скоро сите накити од злато се комбинирни со еден или повеќе метали. 

Легурите на злато имаат помала вредност од чистото злато. Познат стандард во трговијата со злато се нарекува „каратажа” кој се користи за мерење на чистотата на златото мешано со други метали. Чистото злато е познато како 24- каратно злато и скоро секогаш се означува со „24К”. Мешаното злато кое содржи 50% злато е познато како 12-каратно злато и е означено како „12К“. Мешаното злато кое содржи 75% злато се означува како „18K“. Генерално, висококаратниот накит е помек и поотпорен на корозија, додека пак нисококаратниот накит е поцврст и помалку отпорен на корозијца – особено кога е во контакт со влага (пот).

Мешаното злато со останатите метали ја менува бојата на крајнит продукт. Легура од 75% злато, 16% сребро и 9% бакар претставува жолто злато. Белото злато е легура од 75% злато, 4% сребро, 4% бакар и 17% паладиум. Други легури може да формираат розево, зелено, дури и црно злато. 

Финансиско злато: Монети, метали и поддршка

Бидејќи златото е многу ценето и многу ретко, било користено како средство за тргување или пари. Првата позната размена на златото датира од пред 6,000 години. Првите трансакции се правеле со помош на парчиња злато или парчиња сребро. Реткоста, користа и потребата од злато му даваат на овој метал дологрочна вредност. Златото функционира добро за оваа намена бидејќи има висока вредност, висока издржливост, и лесна пренесливост. 

Некои рани печатени книжни пари биле поддржани со злато кое се складирало за секоја пара што била во употреба. Соединетите Американски Држави еднаш користеле „златен стандард“ и чувале резерви на злато за да го поддржат секој хартиен долар во употреба.

Според овој златен стандард, секој граѓанин можел да побара замена на хартиената валута еквивалентна во злато и обратно. Златниот стандард некогаш го користеле многу нации, но бидејќи е многу тешко одржлив процесот на размена, истиот веќе не се користи. 

Златото кое се користело како финансика поддршка на државните валути, најчесто се чувало во форма на златни прачки или шипки. Користењето на златните прачки ги намалило производствените трошоци на минимум и овозможило практично ракување и складирање. Денес, многу влади, поединци и институции имаат инвестции во златни прачки.

Првата златна монета била искована по наредба на Кралот Крес од Лидија (денешна Турција) во околу 560 година п.н.е. Златните монети често се користеле за размена се до 1900-тите кога хартиените валути станаа се почеста форма на размена. Златните монети биле издавани во две форми. Некои биле деноминирани во единици на валута, како што се доларите, додека други биле издавани во стандардизирани тежини, како што се унции или грамови.

Денес, златните монети не се користат како форма на финансиска размена. Сепак, златните монети со специфични тежини денес се познат начин со кој луѓето може да инвестираат во златото. Златните монети се издаваат и како „комеморативни“ токени. Многу луѓе уживаат во овие комеморативни монети бидејќи имаат и колекционерска и скапоцена вредност.

Употреби на златото во електрониката

Најбитната употреба на златото во индустријата е во произвоство на електроника. Електронските уреди во цврста состојба користат многу низок напон и струја која лесно се прекинува поради корозија на допирните точки. Златото е високо ефикасен проводник кој може да пренесе низок напон притоа никогаш да не корозира. Електронските уреди направени од злато се доста сигурни. Златото се користи во конектори, рутери, поврзувачки жици и ленти за поврзување. 

Малa количина злато се користи скоро во секој софистициран електронски уред. Ова вклучува: телефони, калкулатори, GPS и други мали електорнски уреди. Одредена количина на злато се користи и во уреди како телевизори и монитори.

Еден од предизвиците на користењето на златото во електричните уреди е во тоа што скапоцениот метал исчезнува од општество. Околу еден билион телефонски уреди се поризведуваат секоја година, и скоро сите од нив содржат барем малку злато (вредно околу 50 центи). Нивниот просечен животен век е околу две години, и многу мал број од нив се правилно рециклирани. Иако количината на злато е мала во секој уред, нивниот огромен број доведува до многу големи загуби на нерециклирано злато.

Употреба на златото во компјутерите

Златото се користи и во многу други области, како што се персоналните компјутери и лаптопи. Брзиот и точен пренос на дигитални информации низ компијутерот од една компонента до друга зависи од ефективен и сигурен кондуктор. Златото ги исполнува тие услови подобро од било кој друг метал. Важноста на високиот квалитет и сигурните перформанси ја оправдуваат високата цена на злато.

Крајните конектори што се користат за монтирање на микропроцесори и мемориски чипови во матичните полчи и приклучоците што се користат за прикачување на кабли, сите содржат злато. Златото во тие компоненти најчесто се меша со останати метали како што се никел или кобалт кои ја зголемуваат издржливоста.  

Употреба на златото во стоматологијата

Како железото би работело при дентално пломбирање? Не многу добро. На вашиот стоматолог ќе му е потребен алат за ковање, а вашите заби ќе биде рѓосани по само неколку дена. Исто така ќе треба да се навикнете на вкуост на железо. Златото во стоматологијата има многу големо значање поради неговите супериорни карактеристики и естетски изглед. Златните легури се користат како пломби, мостови и коронки. Златото се користи во стоматологијата поради неговата хемиска инертност, не предизвикуваа алергии, и притоа е лесно за работење.

Се смета дека златото се користело во стоматологијата уште во 700 година п.н.е. Етрурските „стоматолози“ користеле златни жици за да ги заменат паднатите заби на нивните пациенти. Златото исто така се користело за потполнување на дупки од кариес во античкотото време. Како и да е, не постои документација или археолошки доказ за вакво користење на злато од нашите предци до пред 1,000 години. 

Златото многу повеќе се користело во стоматологијата до крајот на 1970-тите. Големиот пораст на цената на злато го мотивираше развитокот на заменски материјали кои од тогаш се користат наместо златото во стоматологијата. Како и да е, количините на злато кое се користи во стоматологијата повторно почна да расте. Мотивацијата за тоа доаѓа од грижата дека помалку инертните материјали може да доведат до несакани ефекти по здравјето на луѓето.

Медицински употреби на златото

Златото се користи како лек во медицината за да се лекуваат мал број на медицински болести. Инјекции од слаб раствор на натриум ауротиомалат или ауротиоглукоза понекогаш се користат за лекување на ревматоиден артритис. Честички од изотопи на радиоактивно злато се имплатираат во ткивата за да послужат како извор на зрачење во лекувањето на одредени видови на рак. 

Мали количини на злато се користат како лек за состојба лагофталмус, што доведува до неспособност човекот комплетно да ги затвори очите. Оваа болест се лекува така што се ставаат мали парчиња злато во горниот дел на очниот капак. Тежината на златото и гравитацијата помагаат да се затворат очитните капаци.

Радиактивното злато се користи при дијагностицирање на болести. Се инјектира во колоиден раствор кој може да се следи како бета емитер додека минува низ телото. Многу хируршки инструменти, електронска опрема и уреди за одржување на виталните знаци кај пациентите се направени од мала количина на злато. Златото е нереактивно во инструментите и е многу сигурноо во електронската опрема и уредите за одржување во живот.

Употреби на златото во воздушната индустрија

Ако би потрошиле милијарди долари на возило кое кога ќе го лансирате ќе тргне на патување каде што можностите за подмачкување, одржување и поправка се практично никакви, тогаш неговата изградба со исклучително сигурни материјали е од суштинско значење. Токму затоа златото се користи на стотици начини во секое вселенско возило што НАСА го лансира.

Златото се користи во електрични кола бидејќи е сигурен проводник и конектор. Покрај тоа, многу делови од секое вселенско возило се опремени со полиестерски филм обложен со злато. Овој филм го рефлектира инфрацрвеното зрачење и помага да се стабилизира температурата на вселенското летало. Без оваа обвивка, деловите од леталото со темна боја би апсорбирале значителни количини топлина.

Златото се користи и како лубрикант помеѓу механичките делови. Во вакуумот на вселената, органските лубриканти би испарувале и би биле разградени од интензивното зрачење надвор од атмосферата на Земјата. Златото има многу мала сила на смолкнување, а тенок слој од злато помеѓу критичните подвижни делови служи како лубрикант – златните молекули се лизгаат една покрај друга под силите на триење и тоа симулира својства на лубрикант.

Употреби на златото во награди и статуетки

Каков метал се користи за изработка на круната што ја носи кралот? Злато! Овој метал е избран за употреба затоа што златото е металот кој евоцира најголема почит. Нема никаква смисла да се направи кралска круна од челик – иако челикот е најсилниот метал. Златото е избрано за употреба во кралската круна бидејќи е метал кој симолизира највисоката почит, моќ и статус.

Златото е поврзано со многу позитивни квалитети. Чистотата е уште една од карактеристиките кои го прават златото многу вредно. Поради оваа причина златото е метал на избор за изработка на верски предмети. Крстовите, опремата за причест и другите верски симболи се направени од злато.

Златото исто така се користи како медал или трофеј за победникот на првото место во речиси секој тип на натпревари. Првопласираните на олимписките игри добиваат златни медали. Статуетките на Оскарите се златни награди. Музичките Греми награди се направени од злато. Сите овие важни достигнувања се почестени со награди направени од злато.

Употреби на златото при правење стакло

Златото има голема корист во производство на стакло. Наједноставната употреба во производството на стакло е тоа од пигмент. Дoколку се стави малку злато кога стаклото е вжарено, тоа добива богата рубин боја. 

Златото се користи и при изработка на специјално стакло за згради и куќи за контрола на временските услови. Мала количина на злато во стаклото доведува до рефлектирање на соларната радијација, помагајќи им на зградите и куќите да бидат поладни во лето, а потопли со тоа што ќеја рефлектира внатрешната топлина навнатре.

Визирот на шлемот на вселенскиот костум на астронаутот е обложен со многу тенок златен слој. Овој тенок филм рефлектира голем дел од многу интензивното сончево зрачење на вселената, заштитувајќи ги очите и кожата на астронаутот.

Златни листови и позлатување со злато

Златото има најголема мекост од кој било метал. Ова овозможува златото да се сплеска во листови со дебелина од само неколку милионити дел од инч. Овие тенки листови, познати како „златни листови“ може да се нанесат на неправилни површини на рамки за слики, предмети или мебел.

Златните листови се користат и на надворешни и внатрешни површини во зградите. Ова овозможува издржливост и отпорност на корозија. Една од најпривлечните употреби на златниот лист е на куполите на верските и други важни објекти. Цената на овој „покривен материјал“ е многу висока по квадратен метар; сепак, цената на златото е само неколку проценти од вкупните трошоци на проектот. Најголем дел од трошоците одат на трудот на високо квалификуваните занаетчии кои го обработуваат и поставуваат златниот лист.

Замени за злато и намалување на неговата употреба

Поради неговата реткост и висока цена, производителите секогаш бараат начини да го намалат количеството злато за да се направи некој предмет. Основните метали обложени со златни легури долго време се користат како начин да се намали количината на злато што се користи во накитот и електричните приклучоци. Овие предмети постојано се редизајнираат за да се намали потребната количина на злато и да се одржат нивните стандарди за користење. Паладиумот, платината и среброто се најчестите замени за златото кои добро ги задржуваат посакуваните својства.

Идни употреби на златото

Златото е премногу скапо за да се користи случајно. Наместо тоа, се користи намерно и само кога не може се најде поевтина замена. Како резултат на тоа, штом ќе се најде употреба за злато, тоа се напушта за друг метал. Ова значи дека употребата на златото се зголемува со текот на времето.

Местата каде што се користи златото се речиси истите како и пред неколку децении. Овој тренд најверојатно ќе продолжи и во иднина. Додека општеството бара пософистициран и постабилен материјал, нашата потреба од злато само ќе се зголемува. Комбинацијата на поголемата побарувачка и недостатокот на злато ќе доведе до зголемување на вредноста на златото со време. Златот е навистина металот на иднината.

Извор: geology.com