Македонски богатства - Кратово

Градот Кратово се наоѓа во подножјето на Осоговските Планини и лежи во вулканската област во североисточна Македонија. Сместен е во стариот вулкански кратер кој од запад и од исток е изобразден со издлабени долини. Овие неколку долини го сочинуваат водотекот на Кратовска река.

Од извршените археолошки истржувања во минатото  и денес, во разни делови на градот и неговата околина се откриваат доста стари некрополи и населби кои припаѓаат на разни историски периоди: тракиски, пеонски, римски, византиски, српски и македонски. Покрај тоа со ископините се откриени бројни питоси, мали населби, згура од метал растурена во градот и насекаде околу градот и неговата околина.

Постојат многу рударски окна, траги од некогашни патишта, водоводи, остатоци  од темели на стари згради, римски ќупови со зашилени дна во огромна големина, многу малтер, делкани камења од некогашни убави згради украсени предмети, разни накити, стари пари и др., а сето тоа укажува за големата старост на градот Кратово. Досегашните пронајдени материјални докази во самиот град, постанокот на градот Кратово треба да се бара во тесната врска со почетоците на рударството во овој крај. Според  овие показатели се претпоставува дека основоположници на градот Кратово се рударите, бидејќи Кратово било претпознатливо како рударска населба.

Како населба Кратово  се спомнува уште пред раѓањето на Христа, во Хомеровата ,,Илијада во VI век п. н. ера. Во која област живело тракиското племе Пајони. Податокот се потврдува и со пронајдените монети на просторот на Кратово од времето Адалјон, пајонски крал кој владеал од 315 до 285 година пред наша ера. Со право може да се рече дека најстари жители на Кратово и неговата околина се Пајонците кои во споменатиот период ги населиле сите области помеѓу реките Вардар и горна Струма. Во атичкиот период кратовскиот крај имал повеќе густо населени места со изразит економски и политички живот. За сето ова дознаваме и од разните ископини на локалитетите во градот,  а за ова ни сведочат материјалните остатоци на теренот од овој периот.

Во близина на денешно Кратово некогаш постоела Кратовска тврдина која се наоѓала на самиот пат од Куманово кон Кратово во близината на чешмата Кисела Вода и село Железница кое името го добива по поставената жлезна врата на самата Кратовска тврдина. Покрај твдината поминува Кратовска Река кон која стрмно се спушта ридот Здравчи Камен, а на чиј врв се наоѓа локалитетот тврдина Кула кој преставува доцен антички кастел за еден вид на контролирање на патиштата кои поминувале низ кратовската рудоносна област и кои воделе кон градот Пауталија - Ќустендил и обратно кон Скупи- Скопје.

Од остатоците на големиот бедем и од остатоците на јужниот, северниот и на западниот дел се уште се гледаат огромни ѕидини од камен и варов малтер со огромни камења, со цврста структура и остатоци на многу градежен материјал што укажува дека на овој простор се наоѓал еден од најзначајните стратешки пунктови што имал широка контрола на патиштата што водат за Шлегово, за Кратово и за Горно Кратово а отаму преку кратовските планински села за Пауталија - Ќустендил. Тука поминувал стариот Кратовски пат што врвел високо по ридиштата преку Вучки ан и преку селата Талашманци и Крилатица и излегува на магистралата Скупи денешно Скопје.

Значи за време на доцно античкиот период на овој простор постоела населба, но како се викала населбата се уште не ни е познато, на ова место се уште не се извршени археолошки истржувања. Денес ова место покрај тврдината и поголемиот простор се вика Манастир, поради трите манастири кои се наоѓат во растојание од петстотини метри близина еден до друг. Тука може да се најде и многу остатоци од разурнати ѕидини и расфрлана керамика.

На два километра од утврдениот Здравчи Камен се наоѓа местото кое се вика Градиште се претпоставува дека тука постоел римски град и при обработка на земјиштето, на нивите излегуваат многу римски монети и тули. Од сето она што го имам видено, но и самите факти зборуваат дека се работи за едно значајно населено стратегиско место од доцна античкиот период. На самиот врв наречен Кула има поставено бедем од огромни камења, а внатре во самиот бедем се наоѓаат разни простории во кои се пронајдени огромни римски ќупови голем број на тули и бунар од кој се снабдувале со вода. Во близината на овие бедеми меѓу самите камења, се наоѓаат стари виновни лози, а постарите луѓе велат дека биле засадени во старо римско време.

Постарите римски податоци за Кратово и околината трба да ги бараме во првата административна територијална поделба на меридии што Рим ги направил во третата римско - македонска војна 176 година пр. Н. Е. И во 148 год. пр. Н. Ера.

Поголемата економска криза во царството настанала во времето на Антониите, со реформите на Диоклицијан и Костадин Први кон крајот на III и почетакот на IV век. Кратовската- злетовска рударска област станува основа за просперитет со интевизирање на рударството и металургијата, во областите се северозападните планини на Плавица - Златица и Црн Врв, во атарите на селата Шлегово, Приковци, Туралево, Филиповци и Сакулица. Таму се откриени богати жици на полиметалични руди, односно олово, цинг, бакар, сребро и злато. Римската Империја, која се протегала на огромна територија, извршила огромно влијание во секаков поглед на своите територии.

Кратово како важен рударски центар за прв пат под денешното име се спомнува во дубровачките договори -повелби, документи од 1301 година каде стои дека Републиката Дубрвачка склучува трговска врска со градот Кратово.— Дубровник денес град во Р. Хрватска .

Потоа го сретнуваме денешното име на градот Кратово запишано во житието на Св. Гаврил Лесновски, чиј што препис датира од 1330 година, а неговото име се среќава и во други записи од 1466 година и од 1489 година, во Пчинскиот поменик од 15 век, во Слепчанскиот манастир од 16 век и во многу други повелби и записи на разни патепици кои го посетиле градот КРАТОВО.

Кратово пред неколку векови преставувал културен бисер на Македонија со својата стара градска архитектура, раскошните чардаци, дрворезбаните таваници раскошно украсените влезни врати, поплочениот плоштат, калдмисаните улици, јавните градски чешми и останатите неспомнати културни богаства. Покрај тоа, и мелодичните старогратски песни пренесени од Млечаните и Дубровчаните во изведба на градските мандолински оркестри облечени во старите кратовски носии ја надополнуваат гореспоменатата слика. Токму затоа на секој посетител на градот во трајно сеќавање ќе му останат впечатоците дека Кратово некогаш бил центар на културата и писменоста во Македонија.



Автор: м–р Илија Митевски