Инфлација во САД – Достигнато највисоко ниво во последните 40 години

Американските купувачи, особено оние со ниски примања, го почувствуваа „скокотот“ на повисоките цени, со годишна инфлациска стапка на такво ниво кое до сега не е приметено веќе 40 години.

Најновите бројки покажуваат дека, оваа година, цените се зголемиле за 6,8% до Ноември.

Биби, која работи како чистачка во Харлем, Њујорк, вели дека поради тоа морала да ги намали своите трошоци, понекогаш купувајќи оброк наменет за еден за да го сподели со својот 27-годишен син.

„Немаме избор“, вели таа, „ Јас не можам да си дозволам да готвам. Земам малку, па му давам повеќе нему, затоа што мајка секогаш ќе го направи тоа за своето дете“.

Зголемувањето на цените ги зголеми сметките за купена храна, цените на бензините скокнаа за 6,1%, додека пак цената на половните автомобили и киријата исто така пораснаа.

Додека месечното темпо на раст на цените од 0,8% малку се намали во споредба со Октомвриското 0,9%, луѓето како Биби ги почувствуваа кумулативните ефекти врз нивните буџети.

Патриша, која пазари во локалниот супермаркет, изјави дека нејзината сметка е околу 30 долари неделно повеќе отколку што била порано, па затоа ги заменила пилешките и свинските котлети со повеќе зеленчук, иако цените на свежо овошје и зеленчук се исто така пораснати.

„Тоа многу ме погодува во моментов бидејќи не работам“, вели таа.

Марија штотуку се пензионирала и изјавува дека забележала дека она што го купува не само што е поскапо, туку честопати и помало, особено ѓевреците.

“Нема повторно да ги купам уште долго време. Порано гевреците беа големи, сега се ем помали ем поскапи”, се жали таа.

Цените за американските потрошувачи се зголемуваат со, до сега, најбрза годишна стапка од Јуни 1982 година. Но, влијанието се чувствува повеќе кај оние со најниски приходи каде нема многу простор за маневрирање со буџетот.

Зголемената инфлација во САД, исто така, врши притисок врз претседателот Бајден додека тој се обидува да воведе нова ставка во законот за социјални трошоци со која ќе бидат обезбедени 1.9 трилиони долари (1.4 трилиони фунти).

Некои економисти ги обвинуваат претходните програми за трошење на претседателот, дизајнирани да понудат поддршка во услови на пандемијата со Ковид-19, за влошување на зголемувањата на цените.


Додавање сол на рана

„Една од главните причини зошто имаме инфлација е затоа што владата потроши толку многу пари“, тврди Кристофер Кембел, поранешен функционер во министерството за финансии под претседателот Трамп и главен стратег во Крол, консултантска компанија за економски ризици.

Тој тврди дека понатамошното трошење може да ја влоши инфлацијата.

„На крајот на денот, се надеваме дека пандемијата привршува, а владата сè уште ја става ногата на гасот, во однос на трошењата“.

Сепак, Клаудија Сам, виш соработник при институтот Џаин Фемили и поранешен економист во Федералните Резерви на САД, изјави дека владините трошоци не се причина за инфлацијата. Таа рече дека причината зошто инфлацијата опстојува е затоа што пандемијата не е ставена под контрола, што влијае на снабдувањето со работи како автомобили, гориво и храна.

„Колку подолго траат застоите поврзани со Ковид-19, толку повеќе цените на стоките растат“, рече таа.

Таа верува дека со неодамнешниот пад на цените на енергијата, инфлацијата треба да почне да се намалува.

„Постојат знаци дека можеби наскоро ќе ја надминеме кризата, но Ковид-19 варијантата Омикрон е нова џокер карта.“


Стеснување на синџирот на снабдување

Во меѓувреме, најсиромашните се соочуваат и со зголемени цени и со прекин на дополнителната поддршка заради пандемијата.

„Храната е многу поголем дел од буџетите на семејствата со пониски приходи“, истакнува Кристофер Вимер од Центарот за Сиромаштија и Социјална Политика при универзитетот Колумбија.

„Многу луѓе користат бензин како гориво, но во однос на греењето и комуналните услуги, како и транспортот, тие трошоци заземаат поголем дел од буџетот на луѓето со ниски приходи, отколку буџетите на луѓето со повисоки примања што се слободни да ги користат своите финансии за одмор, разни предмети и слично.“

Зголемувањето на цените се одразува на некои делови од земјата повеќе од другите, при што југот и средниот запад се повеќе засегнати.

Dare to Care, социјална менза во Луисвил, Кентаки, објави дека го почувствувала ефектот и од инфлацијата и од проблемите со синџирот на снабдување.

„Генерално, трошиме значително повеќе сума“, вели Анет Бол, главен програмски директор на Dare to Care.

Обично, голем дел од храната на Dare to Care доаѓа од производителите и трговците на мало кои го продаваат вишокот што им останал (не успеале да го продадат).

„Во моментов, тоа едноставно не се случува. Има побарувачка на пазарот за сите залихи на стока, така што таа завршува на малопродажба, а не кај нас.“

Наместо тоа, Dare to Care мора да купува храна по малопродажни цени, а цената на транспортот исто така е зголемена.

„Товарот е двојно зголемен, дури и тројно (во цената), во некои случаи“, додаде таа.

Како резултат на тоа, Dare to Care направи компромиси, како на пример да не вклучува интегрален леб или чист овошен сок толку често.


Предвидувања за каматните стапки

Какви се предвидувањата за инфраструктурата 

Претседателот Бајден вети дека справувањето со инфлацијата ќе биде приоритет и направи чекори за олеснување на проблемите со синџирот на снабдување, вклучително и менување на правилата за транспортните оператори. Но, очекувањата сега се фокусирани директно на Федералните Резерви.

Се погласни се шпекулациите дека ФР ќе ја намали поддршката за купување обврзници што ја дава секој месец побрзо од планираното, отворајќи го патот за можно зголемување на каматните стапки следната година.

„ФР ќе мора да убрзаат“, вели Бет Ен Бовино, главен економист на САД.

„Очекуваме тие сега да го забрзаат намалувањето и да достигнат нула [месечна поддршка] до Март со барем едно зголемување на [каматните] стапки во 2022 година“.

Извор: bbc.com