Инфлација во еврозоната од 4,9% – највисока од воведувањето на еврото
Некои инвеститори ја обвинуваат Европската Централна Банка дека дозволува стапката на инфлација во еврозоната да излезе од контрола.
Инфлацијата во 19-члената еврозона се искачи на 4,9% во Ноември, надминувајќи ги прогнозите на експертите и вршејќи притисок врз Европската Централна Банка да ја преиспита својата политика кон ултра ниските каматни стапки.
Со оглед на тоа што некои инвеститори реагираа на веста обвинувајќи ја ЕЦБ дека дозволила стапката на инфлација во еврозоната да излезе од контрола, европската агенција за статистика Евростат соопшти дека нејзиното инфлацијата во Ноември достигна највисоко ниво од почетокот на нејзиното евидентирање во 1997 година, две години пред еврото да биде воведено во употреба.
Високите цени на бензинот и увезената стока беа наведени како причинител за инфлацискиот бран. Цените на електричната енергија, вклучувајќи ги и нафтата и гасот, скокнаа за 27 отсто од Ноември 2020 година, соопшти Евростат, зголемувајќи ја основната инфлациска стапка од 4,1 отсто во Октомври.
Франција претрпе зголемување на инфлацијата за 3,4%, што е највисоко во последната деценија, но од земјите со најголема економија во еврозоната, цените најмногу се зголемија во Германија, зголемувајќи ја стапката на инфлација на 6%. Во Естонија стапката на инфлација скокна за 8,4%, додека во Литванија достигна 9,3%.
Другите развиени економии, исто така, беа погодени од слични инфлациски притисоци од летото. САД забележаа стапка на инфлација од 6,2% во Октомври, што е најголем скок во период од 12 месеци од 1990 година, додека годишните цени се зголемија во истиот период во за просечни 4,2% во Обединетото Кралство.
На 1ви Декември, 2021 година, Британскиот Малопродажен Конзорциум соопшти дека вкупните цени во продавниците се зголемиле во Ноември со најбрзо темпо од Мај 2019 година. Индексот на цените во продавниците – BRC-NielsenIQ објави дека скокот од 0,4%, по падот во Октомври за 0,3%, е одговор на растот на цените на храната и забавувањето на дефлацијата на непрехранбените производи.
BRC-индексот се заснова на цените на опсег од 500 прехранбени и непрехранбени производи во продавниците, па затоа се разликува од индексот на потрошувачките цени што го користи Заводот за Национална Статистика, кој исто така ги зема во предвид трошоците за транспорт, сметки за домаќинство, и угостителски услуги.
Чарлс Хепворт, инвестициски директор во ГАМ Инвестментс, изјави дека скокот на инфлацијата во еврозоната над просечните 4,5 отсто предвидени од економистите „продолжува да укажува на неверојатно несоодветниот аргумент од централните банкари дека оваа инфлација е минлива“.
Досега, како и повеќето гувернери на централните банки, Кристин Лагард од ЕЦБ инсистираше дека инфлациските притисоци ќе се покажат како привремени и веројатно ќе почнат да опаѓаат во 2022 година.
Хепворт најави дека ваквата позиција ќе биде под притисок, и покрај појавата на Ковид-19 варијантата – Омикрон и нејзиниот потенцијал негативно да влијае на закрепнувањето од пандемијата.
„Можеби е преоптимистички од страна на Лагард кога таа изјавува дека ценовните притисоци нема да излезат од контрола – тие веќе се надвор од контрола и тешко е да се валидира аргументот дека наскоро цените ќе се намалат“, додаде Хепворт.
Основната стапка на инфлација во еврозоната, која ги отстранува потенцијално нестабилните ставки како што се алкохолот, енергијата, храната и тутунот, исто така се зголеми во Ноември од годишната стапка од 2% на 2,6%.
Некои аналитичари тврдат дека силата на порастот на основните цени над целта на ЕЦБ од 2% посочува на тоа дека основната стапка на инфлација веќе има секундарни ефекти преку барања за повисоки плати.
Сепак, од претставниците на ЕЦБ се очекува да имаат повнимателен став, воздржувајќи се од објавување на какви било големи промени во политиката додека се вршат тестови за ефектите на Омикрон.
Доколку варијантата почна да влијае на нивоата на раст, тогаш цените на нафтата веројатно ќе се спуштат пониско, намалувајќи ги стапките на инфлација ширум светот.
Џек Ален-Рејнолдс, виш економист од Capital Economics, изјави: „Варијантата Омикрон уште повеќе го зголеми нивото на несигурност, но засега веруваме дека ќе има прилично мало влијание врз инфлацијата“.
Извор: theguardian.com