Златен Стандард – Што означува и како настанал

Златниот стандард е монетарен систем каде валутата или банкнотите на една земја имаат вредност директно поврзана со златото. Со златниот стандард, светот се договори да ги претвори банкнотите во фиксна количина злато. Земјите кои користат златен стандард поставуваат фиксна цена за златото и купуваат и продаваат злато по таа цена. Таа фиксна цена се користи за одредување на вредноста на валутата. На пример, ако САД ја одредат цената на златото на 500 долари за унција, вредноста на доларот би била 1/500 од една унција злато.

Златниот стандард во моментов не се користи од ниту една влада. Британија престана да го користи златниот стандард во 1931 година, а САД го следеа примерот во 1933 година и ги напуштија остатоците од системот во 1973 година. Златниот стандард беше целосно заменет со фиатни пари, термин за одредување на валута што се користи поради наредба на владата дека валутата мора да се прифати како платежно средство. Во САД, на пример, доларот е фиатни пари, а за Нигерија тоа е наирата.

Привлечноста на златниот стандард е тоа што ја запира контролата на издавањето пари од рацете на несовршените човечки суштества. Со тоа што физичката количина на злато делува како ограничување на тоа издавање, едно општество може да се раководи според едноставни правила и да избегне инфлација. Целта на монетарната политика не е само да ја спречи инфлацијата, туку и дефлацијата, и да помогне во промовирањето на стабилна монетарна средина во која може да се постигне целосна вработеност. Кратката историја на златниот стандард во САД е доволна да покаже дека кога ќе се усвои толку едноставно правило, може да се избегне инфлацијата, но строгото почитување на тоа правило може да создаде економска нестабилност, ако не и политички немири.


Златниот стандард наспроти фиатниот стандард

Како што сугерира неговото име, терминот „златен стандард“ се однесува на монетарен систем во кој вредноста на валутата се заснова на злато. Спротивно на тоа, фиатниот стандард е монетарен систем во кој вредноста на валутата не се заснова на ниту една физичка стока, туку е дозволено динамично да се променува во однос на другите валути на девизните пазари. Вредноста на фиатните валути се заснова на фактот дека тие се дефинирани како законско средство за плаќање со владина уредба.

Во децениите пред Првата Светска Војна, меѓународната трговија се водела врз основа на она што стана познато како класичен златен стандард. Во овој систем, трговијата меѓу народите се решавала со физичко злато. Нациите со трговски суфицит акумулирале злато како трансакција за нивниот извоз. Спротивно на тоа, земјите со трговски дефицит забележале пад на нивните златни резерви, бидејќи златото истекувало од тие нации како исплата за нивниот увоз.


Кратка историја на златниот стандард

„Имаме злато затоа што не можеме да им веруваме на владите“ е славен цитат на претседателот Херберт Хувер од 1933 година во неговата изјава до Френклин Д. Рузвелт. Оваа изјава предвиде еден од нај драконските настани во финансиската историја на САД: Законот за Банкарство во Итни Случаи, кој ги принуди сите Американци да ги претворат своите златни монети, шипки, и сертификати во американски долари. Додека законодавството успешно го запрело одливот на злато за време на Големата Депресија, тоа не го променило убедувањето на „златните бубачки“ – луѓе кои се вечно уверени во стабилноста на златото како извор на богатство.

Златото има историја различна од сите други класи на средства со тоа што има уникатно влијание врз сопствената понуда и побарувачка. Златните бубачки сè уште се држат до минатото кога златото беше цар, но минатото на златото вклучува и пад што мора да се разбере за правилно да се процени неговата иднина.

Веќе 5,000 години, комбинацијата на сјај, густина и мекост на златото, како и неговата реткост, го плени човештвото како ниеден друг метал. Според книгата на Питер Бернштајн, Моќта на Златото: Историјата на Опсесијата – златото е толку густо што еден тон од него може да се спакува во само 30 кубни сантиметри.

На почетокот на оваа опсесија, златото се користело единствено за обожување, што се докажува при посета на било кое од античките свети места во светот. Денес, најпопуларната употреба на златото е во производството на накит.

Околу 700 години п.н.е., златото за прв пат било ковано во монети, зголемувајќи ја неговата употребливост како парична единица. Претходно, златото се мерело и се проверувала неговата чистота при процесот на тргување.

Златните монети не биле совршено решение, бидејќи вообичаена практика во наредните векови била да се собираат делчиња од малку неправилни монети за да се акумулира доволно злато што може да се стопи во шипки. Во 1696 година, Големата Ремонетизација во Англија вовела технологија која го автоматизирала производството на монети и ставила крај на таквата практика.

Бидејќи набавката на злато не можела секогаш да се потпира на дополнителни залихи од руда, таа се ширела главно преку дефлација, трговија, грабеж, или мешање со други метали од ниска вредност.

Првата голема златна треска настанала во Америка во 15 век. Шпанските ограбувања на богатствата на Новиот Свет ги зголемиле залихите на злато на Европа за пет пати во 16 век. Последователните златни трески во Америка, Австралија, и Јужна Африка се случиле во 19 век.

Воведувањето на книжни пари во Европа се случило во 16 век, со употребата на средства за долгови издадени од приватни странки. Додека златниците и шипките продолжиле да доминираат во монетарниот систем на Европа, дури во 18 век почнале да доминираат книжните пари. Борбата помеѓу книжни пари и злато на крајот резултирала со воведување на златниот стандард.


Подемот на златниот стандард

Златниот стандард е монетарен систем во кој книжните пари слободно се претвораат во фиксна количина злато. Со други зборови, во таков монетарен систем, златото ја поддржува вредноста на парите. Помеѓу 1696 и 1812 година, развојот и формализирањето на златниот стандард бил суштински бидејќи воведувањето на книжни пари довело до одредени проблеми.

Уставот на САД во 1789 година му дал на Конгресот единствено право и моќ да ја регулира нивната вредност. Создавањето обединета национална валута овозможило стандардизација на монетарниот систем кој дотогаш се состоел од циркулирање на странски монети, во главно сребро.

Со среброто во поголемо изобилство во однос на златото, во 1972 година бил усвоен биметаличен стандард. Додека официјално усвоениот сооднос сребро-злато од 15:1 точно го одразувал пазарниот однос во тоа време, по 1793 година вредноста на среброто постојано паѓала, истиснувајќи го златото од оптек, според законот на Грешам.

Проблемот стагнирал се до Законот за Монети од 1834 година. Љубителите на метални пари се залагале за сооднос што ќе ги врати златните монети во оптек, без да се истисне среброто, туку за да се истиснат книжните банкноти со мала деноминација издадени од тогаш омразената Банка на Соединетите Држави. Бил воспоставен сооднос од 16:1 кој очигледно го преценувал златото и тоа ја променило ситуацијата, ставајќи ги САД на де факто златен стандард.

Во 1821 година, Англија станала првата земја што официјално го усвоила златниот стандард. Драматичното зголемување на глобалната трговија и производство предизвикале големи откритија на злато што му помогнале на златниот стандард да остане недопрен и во следниот век. Бидејќи сите трговски нерамнотежи меѓу нациите се решавале со злато, владите имале силен поттик да складираат злато за потешки времиња. Тие залихи постојат и денес.

Меѓународниот златен стандард се појавил во 1871 година по неговото усвојување од Германија. Во 1900 година, поголемиот дел од развиените нации го усвоиле златниот стандард. Иронично, САД биле една од последните земји што се приклучиле. Всушност, силното сребрено лоби го спречило златото да биде единствениот монетарен стандард во САД во текот на 19 век.

Од 1871 до 1914 година, златниот стандард го достигнал својот врв. Во овој период, во светот постоеле речиси идеални политички услови. Владите многу добро соработувале за да го направат системот да функционира, но сето тоа се промени засекогаш со избувнувањето на Големата Војна во 1914 година.


Падот на златниот стандард

Со Првата Светска Војна, политичките сојузи се променија, меѓународната задолженост се зголеми, и владините финансии се влошија. Иако златниот стандард не беше суспендиран, тој беше во неизвесност за време на војната, демонстрирајќи ја својата неспособност да ги издржи и добрите и лошите времиња. Ова создаде недостиг на доверба во златниот стандард што само ги продлабочи економските потешкотии. Стануваше сè поочигледно дека на светот му треба нешто пофлексибилно на кое ќе ја заснова својата глобална економија.

Во исто време, желбата за враќање во идиличните години на златниот стандард остана силна меѓу народите. Бидејќи доходот на злато продолжи да заостанува зад растот на глобалната економија, британската фунта стерлинг и американскиот долар станаа глобални резервни валути. Помалите земји почнаа да чуваат повеќе од овие валути наместо злато. Резултатот беше нагласена консолидација на злато во рацете на неколку големи нации.

Падот на берзата во 1929 година беше само една од повоените тешкотии во светот. Фунтата и францускиот франк беа многу погрешно усогласени со другите валути; воените долгови сè уште ја задушуваа Германија; цените на стоките пропаѓаа; а банките беа препроширени. Многу земји се обидоа да ги заштитат своите златни резерви со зголемување на каматните стапки за да ги наведат инвеститорите да ги задржат своите депозити недопрени наместо да ги претвораат во злато. Овие повисоки каматни стапки само ги влошија работите за глобалната економија. Во 1931 година, златниот стандард во Англија беше суспендиран, оставајќи ги само САД и Франција со големи златни резерви.

Потоа, во 1934 година, американската влада ја промени вредноста на златото од 20.67 долари/унција на 35 долари/унцаија, зголемувајќи ја количината на книжни пари што беа потребни за да се купи една унција за да се помогне при подобрувањето на нејзината економија. Со тоа што другите нации можеа да ги заменат своите златни резерви со повеќе долари, веднаш се случи драматична девалвација на доларот. Оваа повисока цена на златото ја зголеми конверзијата на златото во американски долари, ефикасно дозволувајќи им на САД да го заобиколат пазарот на злато. Производството на злато се зголеми така што во 1939 година во светот имаше доволно злато за да ги замени сите глобални валути во оптек.

Додека Втората Светска Војна се приближуваше кон крајот, водечките западни сили се состанаа за да го развијат Договорот од Бретон Вудс, кој ќе биде рамка за глобалните валутни пазари се до 1971 година. Во системот на Бретон Вудс, сите национални валути беа вреднувани во однос на американскиот долар, кој стана доминантна резервна валута. Доларот, пак, беше конвертибилен во злато по фиксна стапка од 35 долари за унција. Глобалниот финансиски систем продолжи да работи по златен стандард, иако на поиндиректен начин.

Договорот резултираше со интересна врска помеѓу златото и американскиот долар со текот на времето. На долг рок, падот на доларот генерално значи зголемување на цените на златото. На краток рок, тоа не е секогаш точно.

На крајот на Втората Светска Војна, САД имаа 75% од светското монетарно злато, а доларот беше единствената валута која сè уште беше директно поддржана од злато. Меѓутоа, како што светот се обновуваше по Втората Светска Војна, САД забележаа дека нивните златни резерви постојано се намалуваат бидејќи парите течеа кон нациите разурнати од војна и нивната голема побарувачка за увоз. Високото инфлаторно опкружување на доцните 1960-ти ја запечати кревката судбина на златниот стандард.

Во 1968 година, таканаречениот „Златен Резервоар“, во кој беа вклучени САД и дел од европските нации, престана да продава злато на лондонскиот пазар, дозволувајќи му на пазарот слободно да ја одредува цената на златото. Од 1968 до 1971 година, само централните банки можеа да тргуваат со САД по 35 долари/унција. Со слободното располагање со златните резерви, пазарната цена на златото можеше да се одржува во согласност со официјалната стапка на паритет. Ова го ублажи притисокот врз земјите-членки да ги ценат своите валути.

Сепак, зголемената конкурентност на странските нации во комбинација со монетизацијата на долгот за плаќање на социјалните програми и Виетнамската Војна наскоро почнаа да тежат на платниот биланс во Америка. Со оглед на тоа што вишокот се претвори во дефицит во 1959 година и стравот дека странските држави ќе почнат да ги откупуваат своите средства деноминирани во долари за злато, сенаторот Џон Ф. Кенеди изјави дека доколку стане претседател нема да се обиде да го девалвира доларот.

Златниот Резервоар пропадна во 1968 година, бидејќи земјите-членки не сакаа целосно да соработуваат за одржување на пазарната цена на цената на златото во САД. Во следните години, и Белгија и Холандија искешираа долари за злато, а Германија и Франција изразија слични намери. Во август 1971 година, Британија побара да биде платена во злато, присилувајќи го Никсон официјално да го затвори златниот прозорец. До 1976 година, тоа се официјализира: доларот повеќе нема да се дефинира со злато, со што ќе се означи крајот на сите допирни точки со златниот стандард.


Заклучок

Иако златото го фасцинирало човештвото околу 5,000 години, не секогаш тоа било основата на монетарниот систем. Вистинскиот меѓународен златен стандард постоел помалку од 50 години – од 1871 до 1914 година – во време на светски мир и просперитет што се совпаѓа со драматично зголемување на понудата на злато. Златниот стандард беше симптом, а не причина за овој мир и просперитет.

Иако помалата форма на златниот стандард продолжи до 1971 година, неговата смрт започна со векови пред тоа со воведувањето на книжни пари – пофлексибилен инструмент за нашиот сложен финансиски свет. Денес, цената на златото се одредува според побарувачката на металот и иако повеќе не се користи како стандард, сепак има важна функција. Златото е битно финансиско средство за земјите и централните банки. Банките го користат и како начин за заштита од заеми дадени на нивната влада и како показател за економското здравје.

Според системот на слободен пазар, златото треба да се гледа како валута како еврото, јенот, или американскиот долар. Златото има долготрајна врска со американскиот долар и, на долг рок, златото генерално ќе има обратна врска. Со нестабилност на пазарот, вообичаено е да се слушаат разговори за создавање на уште еден златен стандард, но тоа не е беспрекорен систем. Гледањето на златото како валута и тргувањето со него како такво може да ги ублажи ризиците во споредба со хартиените валути и економијата, но мора да постои свест дека златото гледа напред. Ако некој почека додека не се случи катастрофа, тоа не значи дека ќе обезбеди предност ако веќе достигнува цена што одразува пад на економијата

Изворinvestopedia.com