Злато, кеш или во банка ?

Во време на воени конфликти, глобална пандемија и сериозна економска криза сигурно се почесто се запрашувате како да ги обезбедите вашите заштеди и да ги осигурите од неминовната инфлација која до прва доаѓа.

Најпопуларните начини за чување на пари денес се златото (воедно и среброто), кеш и банкарските депозити. За која од овие опции треба да се одлучите? Што е најпаметно за вас? Следуваат неколку параграфи кои ќе ви помогнат во носење подобри одлуки.

Банкарски депозити

Често знаеме да им го довериме на банките да бидат чувари на нашето богатство во замена за камата. Банките потоа можат да ги користат нашите пари за да ги кредитираат луѓето или фирмите кои сакаат да позајмуваат. Тоа е корисен систем и се разбира, банките се неопходни за неизбежни трансфери на финансии како плата, сметки, плаќање во странство и слично. Ако банка пропадне штедачот во Македонија е покриен до 30,000 евра. Вие може да имате повеќе, но државава е задолжена да ве обештети до 30,000 евра.

Keш

Банкнотите претставуваат задолжници кои го пренесуваат богатството од еден ентитет на друг. Чувањето на готовина ја нема непосредната сигурност што ја даваат банките од кражби, оштета итн. но честопати се избира. Заклучени во сеф парите нема да акумулираат никаква камата, но исто така се заштитени од колапс на банката поради економски пад или внатрешни проблеми.

Готовината, исто така, често се користи наместо електронски трансакции од поединци кои сакаат подиректно да ги следат своите трошоци. На пример, и покрај примената на многу висока технологија, Јапонија е земја со висока употреба на готовина, како и Германија, Шпанија и Италија.

Злато

Како физичко средство со воспоставена вредност што долгорочно се покачува, златото има мноштво бенефиции што го прават совршена платформа за чување вредност за голем број поединци и организации.

Без разлика дали е обезбедено во службен трезор или во вашите сопствени простории во сигурен сеф, физичкото злато е начин да го отстраните вашето богатство од оптек и ефективно да го претворите во стока чија вредност се очекува да расте како што се намалуваат неговите рударски резерви ширум светот.

Понатаму, во неочекуван случај при колатерален ефект врз економијата, вредноста на златото најверојатно ќе се зголеми како безбедно засолниште за инвестирање.

Исто така, златото е одлична заштита од инфлација. Земете ја неговата вредност од пред 5 години: во Април 2017 година, 100 грама злато изнесувало приближно 4,000 американски долари, додека пак денес, Април 2022 година истата грамажа чини скоро 6,400 американски долари. За истиот тој период, инфлациската стапка во Македонија достигна речиси 8% на 5-годишно ниво.

Заклучок

За време на глобалната финансиска криза, и повторно за време на Ковид-19 пандемијата, владите се трудеа да ја поддржат економијата преку квантитативно олеснување, пумпајќи пари во економијата додека ги одржуваа каматните стапки ниски. Исходот од овој продолжен економски стимул сега го гледаме преку зголемената инфлација која ја намалува вредноста на нашите пари.

Сепак, како дел од една долгорочна стратегија, физичките инвестиции во злато се одлични како дел од урамнотежено портфолио. Тие би дале гаранција за целосна безбедност далеку од промените во инфлацијата и деградацијата на валутите.


Автор: Дарко Крстески